Почетна / Живот / Фото | Дипломираа Светлана Црнокрак и Филип, синот на Лила

Фото | Дипломираа Светлана Црнокрак и Филип, синот на Лила

 

Дипломираше осмата генерација студенти на УТМС

 

 

На 08.10.2016 година во Македонскиот народен театар во Скопје, Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје величенствено го прослави својот јубилеј, 10 години од своето основање и работење. По тој повод се одржа и свечената промоција на осмата генерација дипломирани студенти на прв циклус студии и на шестата генерација магистрирани студенти на втор циклус студии.

 

 

На промоцијата на дипломираните студенти, присуствуваа и истакнати личности од високообразовната дејност во Република Македонија, но и од странство. По доделувањето на дипломите и традиционалното фрлање на капите во воздух, свеченоста беше одбележана со коктел за сите присутни гости.

 

Инаку, евидентно беше воодушевувањето и задоволството на присутните дипломирани студенти, нивните семејства и пријатели, како и на другите гости, од овој свечен чин и церемонија, која според коментарите на сите, е уникатна во Македонија, каков што е впрочем и УТМС.

 

 

Меѓу дипломираните беа и познатата ТВ спикерка и дама на модата, Светлана Црнокрак, присутна на свеченоста заедно со своето семејство, како и Филип Филиповски, кој беше таму заедно со неговата мајка, водителката Лила.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во печат излезе новата поетска збирка „Семки“ на Ристо Маџунков

Неодамна во издание на литературното списание „Современост“ излезе од печат поетската збирка „Семки“ со 60-на …