Почетна / Серии / Теленовели / Ден пред Велигден, големо финале на „Парампарче“ на Сител

Ден пред Велигден, големо финале на „Парампарче“ на Сител

 

Мир во домот или голема драма надвор од него ?

 

Сабота, ден пред најголемиот христијански празник, Сител телевизија става крај на мегауспешната турска новела “Парампарче”. 6 април, 21.30 часот, веднаш по викенд драмата “Јазол” следува големото финале на сагата за семејството Ѓулпинар.

 

 

Голема венчавка во самата завршница. Она што судбината го распарчи на мали парчиња, сега повторно се спојува како кула од карти. Време за среќа и безгрижни семејни моменти следуваат во емотивното финале на турскиот хит.

 

 

Џихан и Дилара се повторно заедно, а нивните ќерки, среќни и сложни, ја слават љубовта на нивните родители. Ќе има и простор за малку хумор во целата таа драма, а кој ако не Кериман, знае тоа најдобро да го направи.

 

 

Но, нешто неочекувано се случува на самата свадба. Џихан постојано гледа во часовникот. Што се случува? Дали некој неочекуван гост ќе направи вистинско парампарче на вкупната среќа или се работи за завршница на едни долго нерасчистени сметки?

“Парампарче” – големиот крај во сабота навечер.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Како изгледа „Ла Усурпадора“ од денешен аспект

Вака изгледаше всушност “Злобница” – погледнете и насмејте се Сигурно многумина се сеќаваат на мексиканските …

Leave a Reply