Почетна / Телевизија / Споделете ги искуствата со доење во емисијата „0m+“ на Телма

Споделете ги искуствата со доење во емисијата „0m+“ на Телма

 

Ова се темите во емисијата за деца и родители на Телма

 

Во рамките на утринската програма на Телма телевизија, се емитува и емисија во живо, секој работен ден во 12 часот на пладне, која обработува теми во врска со бебињата, трудниците, и се’ што е поврзано со нивното здравје.

 

Минатите емисии беа посветени на правилниот развој на ‘рбетен столб кај бебињата, никнување на првите запчиња, бљуцкањето кај бебињата и правилна исхрана на трудниците.

Веќе во следниот период, во 0м+ ќе бидат реализирани емисии за доење, во кои ќе можат да гостуваат и гледачки кои би сакале во студиото да го споделат своето искуство со доењето.

 

 

Водителката Марија Атанасовска заедно со нејзините гости – доктори ќе зборуваат на теми – ,,Најчести проблеми при доењето”, ,,Одвикнување од доење”, ,,Продолжено доење”. Сите заинтересирани може да пишат на официјалната ФБ страна на емисијата, по што ќе се прецизираат деталите за гостувањата.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тимот на ТВ Пакет со честитка за новоизбраниот директор на МРТ

Со одлука на Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија, по 14 години, нов директор застанува на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!