Почетна / Серии / Српска викенд серија на Сител за прочуениот сараевски атентат

Српска викенд серија на Сител за прочуениот сараевски атентат

 

“Ја бранев младата Босна”, сабота – недела, 18.00 часот, Сител ТВ

 

 

Овој и наредниот викенд на Сител телевизија во 18 часот ќе биде емитувана српската мини серија “Ја бранев младата Босна” во 4 продолженија. Серијата е снимена по материјал на филмот од страна на РТС, а по сценарио и режија на Срѓан Кољевиќ. Во главните улоги ќе ги гледате Nikola Rakočević, Vuk Kostić, Nebojša Glogovac и Vaja Dujović.

 

 

28 јуни, 1914 година, Гаврило Принцип и неговите другари, млади момци кои сонуваат за слобода, ќе извршат атентат врз пресолонаследникот на Австроунгарската империја, Франц Фердинанд. Сите ќе бидат осудени на смртна казна и сите ги чека макотрпен судски процес, во кој за пресудата е однапред одлучено.

 

 

На судењето кое следи, нив ќе ги брани младиот правник Рудолф Цистлер кој поради одбраната на младобосанците, ќе наиде на револт и гнев од многумина. Откако ќе ги запознае момците обвинети за убиството и ќе ги спознае и сфати нивните мотиви и потреби, самиот бранител ќе се соочи со најголемата емотивна драма и ќе го прифати најголемиот ризик во својот живот. Од негов агол ќе го пратите целиот судски процес за прочуениот сараевски атентат.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Наркосите“ на Телма во новите епизоди се „селат“ во Мексико

Од Колумбија, продуцентите на “Наркос” се селат во Мексико. Како започна и како се развиваше …

error: Содржината е заштитена!