Почетна / Сапуници / „Сарас и Кумуд – бескрајна љубов“ на Алфа ТВ во 18:15 часот

„Сарас и Кумуд – бескрајна љубов“ на Алфа ТВ во 18:15 часот

 

Нова индиска серија од продукцијата на “Малечката невеста”

 

Од понеделник, 4 септември, промени во програмската шема на Алфа телевизија. 18.15 часот ќе стане термин резервиран за новата индиска теленовела “Сарас и Кумуд – бескрајна љубов”, за чија содржина ве известуваме во продолжение :

 

 

Сарас е младо момче кое доаѓа од индиска аристократска фамилија. Неговата мајка уште одамна извршила самоубиство, по што татко му се оженил со Гуман, една злобна и себична жена со која го добил синчето Дени. Таткото на Сарас му договара брак на синот со Кумуд, ќерка на еден негов пријател. Сарас не ја познава Кумуд и не сака да се ожени на таков начин, а воедно е и депримиран од смртта на мајка му. Па затоа, тој заминува во селото на Кумуд каде постепено почнува да се запознава со нејзината фамилија. Како поминува времето, Сарас и Кумуд вистински се вљубуваат еден во друг, започнувајќи ја приказната за една бескрајна љубов.

 

 

Но, еден ден, Сарас наоѓа писмо на мајка му во кое открива дека таа се убила затоа што дознала за аферата на татко му со злобната Гуман. Потиштен и разочаран, Сарас ја напушта големата куќа и ја раскинува свршувачката со Кумуд, сметајќи дека повеќе не е богат и како таков не може да ѝ пружи живот на Кумуд каков што таа заслужува. Со самото раскинување на свршувачката, семејството на Кумуд смета дека честа на девојката е извалкана и дека треба таа да прифати да се омажи за друг човек.

 

 

Затоа, Кумуд решава да се омажи со Прамад, син на политичка фамилија, со цел да ја врати изгубената чест. Но, бракот со тој човек не е воопшто среќен за Кумуд. Тој е алкохоличар кој почнува да ја малтретира, а единствен кој може да ја спаси од едни такви стеги е Сарас, чие срце не може да ја преболи и заборави Кумуд.

 

 

Љубовта на Сарас и Кумуд ќе мора да ја плати својата цена за на крајот да остане таква каква што беше… една… единствена… бескрајна.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!