Почетна / Филм / За крај на летната сезона, насмејте се со „Жикина династија“ на Сител

За крај на летната сезона, насмејте се со „Жикина династија“ на Сител

 

Од понеделник до петок во 17.15 часот – “Луди години”

 

 

Култниот српски серијал “Жикина династија” повторно на телевизиските екрани. Од понеделник (4 септември) па во наредните 10 дена во 17.15 часот, Сител телевизија ќе ги емитува сите продолженија на овој филмски серијал. Пред почетокот на новата тв сезона, проследете ги омилените филмови за сите ју-носталгичари.

 

Сценариото за легендарниот филм „Жикина династија“ Зоран Чалиќ го напишал кон крајот на 1984 година. Уште на почетокот на наредната година почнале подготовките за снимање на продолжението на суперпопуларниот филмски серијал „Луде године“.

Првиот филм на овој серијал бил замислен како тинејџерска приказна за проблемите и љубовта на младите, но набрзо тој филм прераснал во комедија која ја освоила цела бивша Југославија. Жика и Милан се ликовите кои се најзапаметени од филмот, и токму поради најпопуларниот лик Жика, серијалот го доби називот “Жикина династија”. Гледаноста на серијалот била постојано висока, но во 1993 година, по десет продолженија, починал Драгомир Бојаниќ Гидра (Жика), по што престанало снимањето на филмовите.

 

 

Жика е таткото на Боба, млад средношколец кој се вљубува во убавата Марија. Но, Марија набрзо останува бремена и тогаш започнуваат проблемите. Семејството на Боба сака таа романса да се круниса со брак, на што се противи Милан, таткото на Марија. Згодите и незгодите продолжуваат понатаму. Кога ќе се роди детето, на ред доаѓа нов проблем – кој од двајцата дедовци треба да помине подолго време со бебето?

 

 

Додека Милан го испраќа внучето на часови по виолина и англиски јазик, Жика сака да го научи на кафанскиот живот и на својот занает. Комичните случувања во овие семејства продолжуваат и кога внукот Миша ќе порасне и ќе се вљуби во една девојка, но и кога стариот Жика ќе реши да се жени.

 

 

Последните денови од летната телевизиска сезона, Сител телевизија ви нуди да ги поминете токму со јунаците од Жикината династија. Препуштете се на громогласната смеа со Драгомир Бојаниќ, Марко Тодоровиќ, Јелена Жигон, Весна Чипчиќ, Велимир Живојиновиќ…

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Култниот филмски серијал „Тесна кожа“ за викенд смеа на Сител

Никогаш доста за југословенскиот хумор кој судејќи по бројките на гледаност е еден од омилените …