Почетна / Серии / Шведската серија „Година 1790-та“ репризно пред полноќ на МТВ 1

Шведската серија „Година 1790-та“ репризно пред полноќ на МТВ 1

 

Скандинавска серија од 10 епизоди во терминот за репризи на Прва

 

На првиот канал на Македонската телевизија по завршување на репризата на “Ripper street”, започнува реприза на шведската серија “Година 1790-та” која ќе се емитува од понеделник до недела по 23 часот.

Дејствието на серијата се одвива кон крајот на 18 век и говори за Јохан Густав, криминалистички инспектор од Стокхолм. Јохан е поранешен воен хирург, кој го инспирираат Француската револуција и новите идеи на времето во кое живее. Атеист, кој силно ги поддржува републиканците, ја прифаќа филозофијата на Волтер за слободно размислување, но е опкружен од старомодна хиерархија. Тој се обидува да го смени или макар да ги подобри однатре редовите на полицијата.

 

 

Тоа е период на политичка параноја во монархијата каде што Јохан мора да има посериозен пристап во решавање на случаите и да ги најде вистинските виновници користејќи повеќе дедукција наместо ќотек. Истовремено, со решавање најразлични случаи, тој се заљубува во Магдалена, жената на својот претпоставен, со која има идентични погледи на светот.  Негов помошник е Сајмон Фројнд, поранешен пациент, кој по својата определба многу се разликува од него- со конзервативни сфаќања и силна верба во Господ, но кој има еден лош порок, алкохолот.

 

 

Секоја од епизодите е приказна за себе, но постојат одредени конфликти и ситуации што се провлекуваат низ целата серија, која ги отсликува сета суровост и разврат карактеристични за крајот на 18 век. 

Воениот хирург Јохан Густав добива понуда за работа од окружниот полициски комесар за време на домашна посета на пациент во Стокхолм. Се вљубува во убавата Магдалена и поради нејзината верба во него, решава да ја прифати позицијата. За помошник го зема својот некогашен пациент Симон Фројнд.

Режијата е на Леван Акин и Рикард Петрелиус, а во главните улоги се Петер Јегерс, Јоел Спира, Линда Зилијакус.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МТВ по четвртти пат со реприза на серијата „Џек Тејлор“

На местото на репризата на “Арн Дал”,  МТВ 1 в0 вечерните часови започнува со реприза …