Почетна / Серии / Втората сезона од хит ситкомот „Преспав“ репризно на ТВ 24

Втората сезона од хит ситкомот „Преспав“ репризно на ТВ 24

 

“Преспав” на ваше задоволство повторно на ТВ 24

 

Македонската хумористична играна серија “Преспав” со самото појавување предизвика лавина позитивни реакции особено кај младата популација. Конечно продукциски нешто кое изгледа квалитетно, урбано и нормално за овој век. Гледачите задоволни од ликовите и настаните во пансионот “Преспав” со задоволство ја пратеа и втората сезона на ТВ 24.

 

 

Омилениот ситком со втората сезона заврши минатата сезона, оставајќи го отворено прашањето за иднината на Преспав. Јелена и Марио и повеќе од веројатно е дека не успеаа во намерата да заминат за Њујорк и се вратија во Преспа, а Ула, Тони и Коста добија неочекувана понуда за продажба на пансионот.

 

 

Во истите термини во кои одеше премиерата на втората сезона, ќе ги следите и репризните изданија. Секој вторник и секоја среда во 19 часот и 22.30 часот, како и сабота и недела во 19 часот. Потсете се на згодите и незгодите на сопствениците и песоналот во “Преспав”.

 

 Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Смртта на Метју Пери ја помрачи куќата во која живеел

Како што веќе објавивме, Метју Пери, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во хит серијата …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!