Почетна / Телевизија / Твоето лице звучи познато / Oд недела на Сител нова сезона од „Твоето лице звучи познато“

Oд недела на Сител нова сезона од „Твоето лице звучи познато“

 

Тијана Дапчевиќ ќе ги брани боите на Македонија

 

Од недела, 1 октомври, ексклузивно на Сител телевизија стартува новата четврта сезона од регионалното лиценцирано шоу “Твоето лице звучи познато”. Забавата може да започне! Лудило на сцената на Прва српска телевизија, а лудило и на фреквенцијата на Сител телевизија која ги има правата за пренесување на ова популарно шоу на територијата на Македонија.

 

 

Македонската учесничка е Тијана Дапчевиќ, како што веќе и објавивме, а покрај неа тука се Мира Шкориќ, Беби Дол, Драгана Мичаловиќ, Стеван Анѓелковиќ, Едита од “Министерке”, Леон, Бранислав Лечиќ, Пагонис и Бане Видаковиќ.

 

 Елена Ристеска беше македонска учесничка во втората сезона од ТЛЗП

Во текот на наредните три месеци, овие познати балкански личности ќе ги гледаме во улоги на домашни и светски музички ѕвезди. Имитации какви што немате видено никогаш досега, забава која може само да се посака, расположение кое без сомнеж ќе биде одлично. Шоуто ќе добие и ново водителско име, а кои ќе застанат на жириските столчиња, дознаваме во недела во 21 часот само на Сител.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој што ќе имитира во финалето на „Твоето лице звучи познато“?

  Вечерва на Сител е финалето на ТЛЗП   Вечерва во 21 часот на Сител …