Почетна / Филм / Втор дел од комедијата за русокосата по закон во недела на Сител

Втор дел од комедијата за русокосата по закон во недела на Сител

 

“Legally Blonde 2: Red, White & Blonde” – недела на Сител

 

Недела, филм за целото семејство на Сител телевизија. На 1 октомври во 13.20 часот ќе се емитува продолжението на “Русокоса по закон”. Продуциран е од МГМ, а во главните улоги се јавуваат Риси Витерспун, Лук Вилсон, Сели Филд, Регина Кинг, Брус Мекгил и Боб Њухарт.

 

 

Ел Вудс во второто продолежние сака нејзиното кученце, Брузер, да го соедини со неговата мајка, бидејќи би сакала мајката на Брузер да присуствува на нејзината венчавка со Емет. Ел најмува детектив да ја најде мајката на Брузер, само за да дознае дека сопственикот на мајката на нејзиното куче е козметичка компанија која ја користи мајката на Брузер за тестирање. Таа дознава дека нејзината адвокатска компанија ја застапува корпорацијата C’est Magnifique.

 

 

Ел одлучува да го напушти Бостон, каде таа и Брузер се вселиле заедно со нејзиниот свршеник Емет, и да отпатува за Вашингтон, за да работи на предлог- законот на Брузер. Ел е вознемирена дека мајката на нејзиното куче е во лабораторија за тестирање на шминка, и одлучува да го земе на себе багажот да биде „гласот на оние кои не можат да зборуваат“ и да го забрани тестирањето врз животните.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизни и Стивен Спилберг во премиерниот семеен филм на МРТ 1

Дизни и Стивен Спилберг ги здружиле силите за на големиот екран да ја пренесат приказната …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!