Почетна / Забава / Авалон ги носи „Thievery Corporation“ на Skopje calling 2017

Авалон ги носи „Thievery Corporation“ на Skopje calling 2017

 

Големо отворање на Skopje Calling со супер возбудлив бенд

 

Авалон продукција Ве информира дека приказната со концертната сезона 2017-та продолжува. Еден од највозбудливите и најквалитетни бендови од светската концертна индустрија, Thievery Corporation доаѓа во Скопје, како специјално отворање на фестивалот Skopje Calling 2017.

 

 

Авалон Продукција како и за секој свој избор за концерт во Македонија, секогаш настојува да ги задоволи апетитите на публиката од сите генерации и со различна жанровска определба. Се разбира, заедно со личните апетити и музички вкусови на продукцијата. Така и овој пат се одлучивме за бенд којшто е маестрален во живо и можеби единствениот во светот кој со својот уникатен музички стил спојува повеќе музички жанрови со елементи на електронска музика.

 

 

Концертот ќе биде на отворено и ќе се одржи на 20-ти јуни на  Скопското Кале со почеток од 21 часот.

Влезниците по цена од 990 денари ќе бидат пуштени во продажба од 15-ти мај, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн.

Thievery Corporation во Скопје доаѓаат во комплетен состав, со над 20 музичари на сцена. Скопје може да очекува вистински спектакл!

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концертен настап на Funk Shui на 12 април во Станица 26

Funk Shui ја одбележаа 2024та со преку 20 концерти на Балканот (Белград, Нови Сад, Загреб, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!