Почетна / Филм / Претстава инспирирана од „The Lucifer Effect“ на 22. јануари во МКЦ

Претстава инспирирана од „The Lucifer Effect“ на 22. јануари во МКЦ

 

“Експеримент” во понеделник во 21 часот во Младински Културен Центар

 

Главна инспирација за претставата е книгата “The Lucifer Effect” на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира начините и методите преку кои системот и ситуацијата влијае на дехуманизацијата и деиндивидуализацијата на индивидуата, притоа постепено насочувајќи ја индивидуата да извршува злосторства „во име“ на системот.

 

 

Режијата е на Јане Спасиќ, а улогите ги толкуваат  Бојан Кирковски, Ненад Митевски, Мартин Јорданоски, Симона Спировска Костовска, Матеја Јанковска, Марија Јанчевска, Михаел Стојановски. Сценографијата е на Кирил Василев, за костимографијата е задолжена Бранкица Јордановска, а монтажата на видео матерјалите ја изработи Горјан Атанасов. Дизајнот на плакатот е на Кристина Горовска.

Резервации на: 023115 225 ( билетара на МКЦ), или на bileti@mkc.mk

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По дело на Живко Чинго, „Заминување од Пасквелија“ на Наша ТВ

Време на револуција и идеологија, време на пожари и поројни дождови. Време на разделби и …

Leave a Reply