Почетна / Серии / Македонската серија доби и посебна ТВ емисија „На терапија – дискусија“

Македонската серија доби и посебна ТВ емисија „На терапија – дискусија“

 

Следете “На терапија”, од понеделник до петок во 22.30 часот на Сител

 

Македонската лиценцирана серија “На Терапија” успеа да собере и одржи своја публика во првите неделни на емитување, па поради тоа Сител телевизија започнува со емитување на специјална емисија наречена “На терапија – дискусија”, која ќе се емитува секоја недела во 13.00 ч.

 

 

Целта на емисијата е да ги опфати случувањата во серијата, а воедно и да навлезе подлабоко во некои од дискусиите кои се дел од серијата.

Денешната тема на која разговараше водителот и уредникот Мургоски со пејачката Сара Мејс и водителката Елена Стојановска е „Дали бракот како институција е на крстосница помеѓу традиционалниот и современиот стил на живеење?“

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Катуранди“ повторно на МТВ 1 – петто емитување на иста серија

Италијанската крими серија “Катуранди” репризно на МТВ 1, од понеделник до четврток по 21.30 часот. …