Почетна / Филм / Серијал на филмови по дела на Нора Робертс од вечерва на Сител

Серијал на филмови по дела на Нора Робертс од вечерва на Сител

 

“Montana sky”, филм од 2007 година на Сител телевизија

 

Приказна за три сестри, три преплетени судбини, три животи кои ќе се врзат во една во цврста и нераскилнива нишка… На погребот од Џек Мерси се собират многу луѓе, но не од тага, туку да се уверат дека тој злокобец навистина е мртов. Богатиот и озлогласениот Џек Мерси го остава својот голем и богат ранч во Монтана на своите три ќерки со еден необичен услов запишан во неговиот тестамент.

 

 

Трите сестри кои практично се како туѓинци меѓу себе, мора да останат заедно да живеат на ранчот една година, а доколку не го исполнат тој услов, ќе го загубат наследството. Ќе може ли Вила, Тес и Лили да го исполнат условот добиен од нивниот татко? Вила е девојката израсната на ранчот која нема да им посака срдечно допбредојде на своите две сестри. За разлика од неа, Тес е гламурозна и каприциозна која се враќа од Холивуд, а Лили е мирна и скромна која смета дека конечно нашла дом.

 

 

Но на ранчот започнуваат да се случуваат свирепи убиства кои навестуваат вистинска драма под небото над Монтана. Некој ќе ги демне сестрите на ранчот затоа што има нерасчистени односи со нивниот татко, а од друга страна само со слога и љубов, сестрите ќе се изборат со злото.

Вечерва, 9 мај, 23.30 часот, филм на Сител.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!