Почетна / Живот / Discovery Science Channel го прослави Светскиот ден на науката

Discovery Science Channel го прослави Светскиот ден на науката

 

Преглед на иднината и ексклузивно искуство со виртуелната реалност

 

„Дискавери Сајанс“, единствената телевизиска мрежа целосно посветена на науката, трета година по ред го поддржи „Светскиот ден на науката“, годишна иницијатива на УНЕСКО која се одбележува на 10 ноември.

 Оваа година каналот ја претставува кампањата IMAGINE THE FUTURE (Замислете ја иднината), која ќе ве поттикне на размислување за светот на науката и технологијата во наредните 30 години, како и на начинот на кој двете индустрии ќе ја одиграат клучната улога за развојот на човекот.

 

 

За одбележување на „Светскиот ден на науката“ и футуристичката тема која ја избра каналот, на веб страната на „Дискавери Сајанс“ и фан страната на Фејсбук, се емитираше 360/VR скок со падобран. Во соработка со Army Parachute Association, скокот ги држи гледачите во неизвесност се додека двајцата скокачи успешно не слетаат на големото Дискавери Сајанс лого. Adidas miCoach Elite Team System ќе овозможат на гледачите да ја проследат на телевизиските екрани и науката позади скокот со помош на биометриско следење на скокачите. Посебни снимки од подготовките исто ќе бидат достапни на сајтот, а 2D верзијата беше емитирана на телевизискиот канал.

 

 

Воведни емисии посветени на Светскиот ден на науката

Во неделата пред Светскиот ден на науката на каналот се емитираа програми со широк распон на теми како цивилизација, транспорт, вселена, роботика, екстремни временски услови, па се до медицина и околина.

На 10 ноември гледачите проследија избор на футуристичка програма како премиерата на „Блиска средба со Јупитер“ кој ќе се обиде да даде одговор на тајните за формирањето на Земјата и како НАСА го проектираше леталото Џуно кое по петгодишното патување стигнува до најголемата планета во Сончевиот систем.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови книги од Стојановски и Чапаровска во издание на „Современост“

Во издание на литературното списание „Современост“ од Скопје излегоа книги од нови македонски автори, романот …