Почетна / Сапуници / Ергенот признава : Девојките ја бакнуваа клупата на која што седев

Ергенот признава : Девојките ја бакнуваа клупата на која што седев

 

Омер : Израснав во средина каде е срамота да се зборува за секс

 

 

Од понеделник до петок на Сител телевизија во 19.50 часот ги следите последните епизоди од хит комедијата “Вљубениот ерген”. Најпопуларната телевизиска програма за оваа година, Ергенот успеа да ги освои буквално сите припаднички на понежниот пол во земјава, благодарение на неодоливата насмевка и згодното тело, кое го промовира и во серијата, играјќи кошарка или пливајќи во базенот.

 

 

На прашањето во турските медиуми – дали тој во приватноста би го направил истото што го направи Дефне во серијата, односно дали за пари ќе глуми вљубеност, тој одговори :

 

 

Не би можел да глумам никако. Јас сум свесен и совесен, а кога би направил такво нешто, не би се чувствувал пријатно заради другата личност“.

 

 

Бариш Ардуч е моментално еден од најпопуларните актерски имиња во Турција, кој поради улогата на Омер, стекна невидена слава и во сите останати земји во регионот. Жените го сакаат и посакуваат, а за тоа ќе каже дека е свесен, но дека не може за себе да каже дека е секси и да се восхитува од сопственото тело.

 

 

Ја има добиено титулата за најубав и најсексапилен маж во Турција, за што и веќе објавивме, но овојпат откриваме дали Бариш бил посакуван и за време на тинејџерските денови.

– “Па, да… бев омилен и за време на школувањето, но никогаш од тоа не сакав да имам некаква корист или да се вообразам, како ни сега кога ме прогласија за Маж на годината во Турција…

 

 

…Тоа е само околност која може само дополнително да го мотивира човека. Сексипилноста и сексуалноста се неизоставен дел од секој човек, но јас израснав во средина каде е срамота да се зборува за тоа. Затоа и веројатно, не зборувам отворено на такви теми. Мислам дека не е убаво да се зборува за интимен живот на некого. Интимниот живот е приватна работа на секоја личност. Но, ајде да откријам еден детал кој неодамна го дознав…

 


 

…На сетот каде што снимаме, девојките фанови ја бакнувале клупата на која седам. Ибаво е да се има фанови, но ваква реакција е веќе застрашувачка. Не сакам девојките да се опседнуваат со моето тело.” – додава Бариш.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!