Почетна / Телевизија / Ново лиценцирано кујна шоу секој ден на Сител во 17:20 часот

Ново лиценцирано кујна шоу секој ден на Сител во 17:20 часот

 

Нова забавна дневна емисија на Сител телевизија

 

“Брза кујна” е лиценциран формат на продуцентската куќа Ендемол. Шоуто се емитува во 20 земји во светот. Само во Велика Британија до сега се снимени 11.000 епизоди. Брза Кујна се најде на листата топ 10 најгледани шоу програми во оваа земја. Maкедонската верзија на шоуто “Ready steady cook” ќе се емитува од понеделник до петок на Сител телевизија во 17:20 часот.

 

 

Секогаш вкусни јадења за само неколку минути. Економични и брзи јадења за само 20 минути. Во “Брза Кујна” учествуваат две екипи, црвени домати и зелени пиперки, кои во трка со часовникот мораат да подготват и декорираат вкусни јадења за само 20 минути. Публиката во студиото гласа за победникот откако ќе ги проба јадењата.

 

Тимовите се составени од по двајца учесници. Едниот од нив на јавноста и е познат како професионален готвач, а другиот натпреварувач е помошник аматер готвач и во секоја епизода тој ги носи во студиото состојките од кои ќе се подготвува јадењата. Продукцијата ја обезбедува сумата за набавка на продуктите, а натпреварувачот по свој избор купува намирници со кои можат да се зготви предјадење, јадење и десерт.

 

 

Готвачите немаат никаква идеја какви состојки донеле нивните помошници аматери. На лице место одлучуваат што да готват, водејќи сметка да ги искористат сите состојки, оброкот да биде вкусен и убаво декориран. Според намирниците што им се на располагање, готвачите решаваат како најдобро да ги искористат 20-те минути што им се на располагање. Екипите мора да работат заедно за да зготват вкусен оброк со само неколку состојки и ограничен буџет, за само 20 минути.

 

Пресудата на публиката е одлучувачка. Покрај тоа што ги пробуваат јадењата дали се вкусни, публиката го зема во предвид начинот на подготовка, како е декориран оброкот, какви намирници се купени и гласа според вкупниот впечаток.
Водителката меѓу другото има задача да го поттикнува натпреварувачкиот дух во шоуто. Љубителите на кулинарството ќе имаат можност да научат и видат како професионалци подготвуваат евтини и брзи јадења со намирници што им се на располагање.

 

Во тек се сеуште пријавувањата за учество. Сите заинтересирани можат да се пријават на [email protected]. Напишете ги вашите основни податоци и испратете ни мејл. Предност имаат парови што сакаат да се натпреваруваат меѓу себе, пријатели, роднини, брачни другари, соседи, колеги.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!