Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (15-то продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (15-то продолжение)

Фаусто чекаше одговор. Марија Грација чуствуваше студена пот на својата кожа. Антониета гледаше од страна и се ситеше. Беше горда што самата таа ги нашла тапиите.
– Тие тапии ми ги врачи мајка пред да почине, газда, – со сува уста, најпосле проговори италијанката.
– Да, но зошто мојот татко и подарил дел од нашата земја на твојата мајка?
– Одговори Марија Грација!,- рече Антониета. – Фаусто ти постави прашање.
– Тоа не ми го кажа, – излажа жената.

 

 

Одмазда – љубов и смртна казна

Продолжение 15 – „Гревот на нејзината мајка“

 

Фаусто чекаше одговор. Марија Грација чуствуваше студена пот на својата кожа. Антониета гледаше од страна и се ситеше. Беше горда што самата таа ги нашла тапиите.
– Тие тапии ми ги врачи мајка пред да почине, газда, – со сува уста, најпосле проговори италијанката.
– Да, но зошто мојот татко и подарил дел од нашата земја на твојата мајка?
– Одговори Марија Грација!,- рече Антониета. – Фаусто ти постави прашање.
– Тоа не ми го кажа, – излажа жената.
– Мојот татко почина пред повеќе од дваесет години, – продолжи Фаусто, станувајки од фотељата на која седеше. – Како е можно нана Тили да не ти кажала ни збор за тоа, цели дваесет години?!
– Зарем Вашиот татко Вам не ви кажал ништо?
– Не, никогаш не ми кажал ништо поврзано со тоа. Дали Енцо знае за ова?
– Не, мојот брат не знае ништо.
– Во ред, бидејки таа земја не Ви припаѓа! Мојата фамилија никогаш не би дала дел од Темпестад! Имаат дадено парче земја само еднаш, пред многу години, на црквата. Бидејки, ние Катењон сме Богови фанатици, и затоа Бог ни дава толку плодна почва за замена. Но, никогаш не би дале земја на обични слуги. Ако татко ми ми кажал дека сакал да ви даде земја, тогаш нештата ќе беа поинакви, но бидејки татко никогаш не ми спомнал ништо, овие тапии се неважни, Марија Грација. Дали сфаќаш што сакам да ти кажам?
– Не, газда.
– Сакам да кажам дека таа земја можеби е дадена под присила, бидејки мојот татко никогаш не би криел нешто толку значајно од мене, Марија Грација.
– Со должна почит, газда. Мојата мајка беше чесна жена…Таа никогаш не би прифатила нешто ако не и припаѓа. Таа земја беше подарок за неа од Вашиот татко, дон Ињаки Кастењон.
– Во секој случај, таа земја не ти припаѓа ниту на тебе, ниту на твојата фамилија. Тоа е земја на Кастењон и секогаш ќе биде така. Сега оди, – и нареди грубо, практично исфрлајки ја од библиотеката. – И уште нешто…Ни збор за ова, никому. Дали сум јасен?
– Да, газда, – по краток молк потврди италијанката, пред да ја напушти просторијата.
Фаусто нервозно седна назад на фотељата, па и се обрати на Антониета;
– Ако забележиш нешто чудно кај Марија Грација, сакам да ме известиш.
– Не грижете се, Фаусто, ќе ја надгледувам.

Враќајки се од селото кон хациендта, Алис воглавно молчеше за време на возењето. Но, имаше нешто кое сакаше да го расчисти со својата мајка, па не можеше да молчи повеќе.
– Како можеше да ме направиш луда пред таа жена, мајко?
– Бидеки само луда жена може да направи нешто како тоа што си го направила ти, Алис. Што мислиш како ќе реагира Фаусто ако дознае дека преферираш жени? Или уште полошо, дека преферираш жени од јавни бордели?
– Мажите во таа фамилија се најчести посетители на тој јавен бордел, мајко, затоа не можат да речат многу.
– Тие се мажи.
– Знеш, мајко, пнекогаш ме изненадуваш. Ти си прва која се бори за слободата на жените, за правот на глас не жените и одеднаш стануваш потценета како секоја друга обична селанка.
– Доста, Алис! Ти си жена и ќе се омажиш за маж, ни збор повеќе на таа тема.
– До кога ќе инсисираш на тоа, мајко?, – со грутка во грлото праша Алис. – Јас не сакам да се мажам! Јас нема да се мажам! Ниту со Анибал, ниту со никој друг маж!

Последните зраци на сонцето се прикрадуваа помеѓу големите тополи кои држеа сенка на колибата каде што престојуваше Енцо Анџели. На Темпестад беше дојден со само еден ранец кој содржеше две кошули и два пара панталони, па мораше самиот да се снајде во одржувањето на истите а не сакаше да ја малтретира својата сестра со тоа, која имаше доволно обрски со својата фамилија и оние на хациендата. Со голо торзо, во студената вода на коритото ја испра својата ленена кошула и ја закачи на жицата за сушење алишта, несвесен дека зад една топола го набљудува будниот поглед на младата Елиса Кастењон.
За Елиса, Енцо Анџели беше прав пример за маж, висок, атлетски граден, со цврсти гради и истакнати стомачни мускули, русокос со светли очи. Беше вистински мелем за нејзините очи.

Марија Грација не можеше да ги задржи солзите кога тоа попладне ја подготвуваше вечерата во затоплената кујна на хациендата. Како рамо за плачење и послужи нејзината ќерка Моналиса, која и помагаше околу обврските.
– Не сакам да те гледам ваква, мамо. Те молам не плачи.
– Тој човек е безмилосен, поган…Велеше дека ја сака мама Тили како родена мајка а сега е способен дури и да ја наклевети. Но, ти се колнам, мила, таа земја е наша. Пред самата смрт, мама ми даде аманет да му ја кажам вистината на Енцо.
– Можеби дон Фаусто само се плаши дека ќе ја напуштиме неговата хациенда ако вујко Енцо биде прогласен за земјопоседник на таа земја.
– Отсекога сум сонувала да имаме наша сопствена земја, мила. Да имаме мирен живот и да не работиме за никого, – низ заби процеди Марија Грација, бришејки ги солзите од лицето кои се мешаа со потта од врелото огниште на кое вриеа казани со храна.
– Знаеш дека тоа е невозможно, мама.
Италијанката ја прегрна цврсто својата ќерка.
– Имаш право, – рече на крајот, милувајки ја косата на Моналиса. – Ајде, да ја завршиме вечерата па да си одиме дома.

По посетата кај куртизаната во борделот на тетка Кармен и по дискусијата која ја имаше со својата ќерка, на Лукреција и падна на ум да ја забрза венчавката помеѓу Алис и Анибал, па реши да поразговара со Фаусто за идејата.
– Искерено, Лукреција, мислам дека е одлична идеја да ја забрзаме венчавката меѓу нашите деца. Иако, ако смеам да признам, твојата ќерка ми делува малку повеќе бунтовно одошто и доликува да биде.
– Алис е само многу емотивна, – рече Лукреција, со обид да ја оправда бунтовноста на својата ќерка.
– Како и да е, Алис е идеална прилика за Анибал и стојам зад твојата идеја да ги забрзаме подготовките за венчавката.
– Ако е договорено, тогаш повеќе немаме за што да раговараме, – ликуваше жената.
– Лукреција, и зошто тој интерес од твоја старана да ја забрзаме венчевката?
Ваквото прашање на Фаусто ја удри како гром од ведро небо.
– Алис ме замоли, – излажа набрзина. Тоа беше првото нешто кое и падна на ум како изговор.
– Штом е така, бидејки наскоро ќе бидеме посватени, сакам да знаеш нешто, Лукреција.
– Што?
– Сакам да престанеш да се мешаш во мојот брак со Естер, – јасно и погласи Фаусто. – Таа е паметна жена и нема потреба никој од страна да и ја полни главата со чудни идеи кои можат да ја збунат.
– Со мојата роднина секогаш сме биле многу блиски и…
– Да, но сега јас сум и маж, – ја прекина Фаусто во свој доминантен стил.
Нивниот дијалог заврши кога ненајавено во просторијата влезе Анибал. Срдечно ја поздрави својата тетка и се извини што им го прекинува разговорот.
– Само што зборувавме за тебе, Анибал, – низ насмевка Фаусто му се обрати на својот постар син.
– За мене?
– За тебе и Алис, – додаде Лукреција.
– Вашиот брак ќе биде валиден многу поскоро од планираното, – рече Фаусто, а ваквата вест го погоди неподготвениот Анибал.
– Но…зошто?, – пропелтече.
– Бидејки ние така одлучивме, – одговори Фаусто кој не беше расположен за компромис ниту објаснувања.
– Ако смеам да прашам чија беше идејата да се забрза венчавката?, – праша Анибал.
– Идејата беше на Лукреција, – одговори неговиот татко.

Елиса се прикраде во собата на својата мајка и пријде до тоалетната масичка до прозорецот каде што претходно тој ден, Естер пишуваше писмо за некого. Но, хартијата не беше на масичката сега. Девојката не се откажуваше. Ги пребара речиси сите фиоки и плакарот и на крајот го пронајде писмото помеѓу страниците на Библијата. Набрзина го отвори и почна да чита во себе. Редовите и ракописот на нејзината мајка беа повеќе од јасни.
– “Енцо, ме праша дали тоа што се случи меѓу нас имаше некакво значење за мене?! Мојот одговор е толку очигледен, што ми се тресе раката додека ти го пишувам ова. Не постои минута во денот а да не помислам на тебе, на твоето тело, на твоите бакнежи…“
Елиса ја прекри својата уста со дланката за да не испушти непосакуван крик. Читаше за гревовите на нејзината мајка и одвај можеше да поверува дека тоа се зборови на една верничка која го пишувала сето ова на тврдата подлога на Светата книга.
– “Посакувам ова што го чуствувам сега да не заврши никогаш.“

продолжува во понеделник…

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!