Почетна / Сапуници / Хазал од „Парампарче“ : На социјалните мрежи добивав навреди и закани

Хазал од „Парампарче“ : На социјалните мрежи добивав навреди и закани

 

За детството, ликот во турската серија, идните планови и мечти …

 

Алина Боз е 19 годишната турска актерка која имаме можност да ја гледаме секоја вечер како Хазал во турската хит серија „Парампарче“ на Сител телевизија. Многумина ќе ја споредат со Меријем Узерли (Хурем) поради тоа што и двете се црвенокоси, имаат зелени очи и не се Турчинки. Ако Хурем дојде во светот турските серии од Германија, Алина (Хазал) дошла од Русија.

 

 

Како доспеавте од Русија во Турција?

Тоа не е некоја долга приказна. До мојата седма година живеев во Русија, а потоа поради семејни причини се преселив во Истанбул.

Како зачекоревте во светот на глумата? Кој ве откри?

Уште додека живеев во Русија покажував интерес за театар. Преселувајќи се во Истанбул, почнав да глумам во театар и во 2009 година тетка ми ме запиша во агенција.

 

 

Како станавте дел од актерската екипа на серијата „Парампарче“? Дали помисливте дека за вас ќе се зборува толку многу кога започнавте со снимање?

Отидов на аудицијата за снимањето на серијата и потоа неочекувано ја добив улогата на Хазал. Секако дека не мислев дека толку ќе се зборува за мене. Мислам дека никој не очекуваше серијата да постигне толку голем успех. Тоа беше тешко да се претпостави со обзир на тоа дека постојат слични телевизиски проекти кои постигнуваат голем успех.

 

 

Дали некогаш се исплашивте дека нема да успеете?

Не, никогаш не се исплашив за тоа. Единствено што ме плашеше е тоа дека улогата нема да ја изглумам онака како што беше планирана.

Дали се идентификувате со ликот на Хазал?

Мислам дека никој не може да се идентификува со ликот на Хазал. Јас сигурно не можам, а мислам дека не можете и вие. Силно се борам да не ги повредам луѓето околу мене, затоа мислам дека не можам да се идентификувам со нејзе. Таа е вистинска лошотија.

 

 

Дали се сретнувате со негативни реакции од гледачите заради улогата која предизвикува сѐ, освен симпатии?

Секако дека се сретнувам со реакции од гледачите, но тие не се толку негативни. Повеќето од луѓето кои коментираат свесни се дека станува збор за улога. Кога и да зборуваат негативни работи, тоа првенствено се однесува на Хазал, а не на мене. Но на социјалните мрежи не беше така, таму сум изложена на многу негативни коментари и навреди.

 

 

Дали имате желба или сонувате да соработувате со некоја актерска ѕвезда?

Немам никој посебен на умот. Но се надевам дека во иднина ќе имам можост да соработувам со многу успешни актери.

Како се гледате во иднината?

Не сум една од личностите кои сакаат да прават планови за иднината. Исто така мислам дека сум премлада да би зборувала за планови за во иднина. Пред мене се и студиите на кои треба да се запишам и да ги завршам. Секако, се надевам дека ќе се занимавам со работи кои се прикладни за мене. Сакам да бидам среќна работејќи ја работата што ја сакам. Сакам да бидам пилот.

 

 

Со што се занимавате во слободно време кога не сте на сет?

Настојувам да поминувам повеќе време со луѓето кои ги сакам и со семејството. Во текот на неделата одам во училиште, а викендите сакам да ги поминувам што е можно поразлично, ако околностите ми дозволуваат. Ги обожувам животните, сакам сликарство, вајарство, пливање, лизгање на мраз, ме интересира и балетот. Популарноста воопшто не ме промени – и понатаму се возам со автобус како сите луѓе и уживам во малите нешта.

 

 

Што за вас претставува мода?

Не сум личност која премногу ги следи модните трендови, сакам облека во која се чувствувам слободно и опуштено.

Како би го дефинирале вашиот стил?

Фармерки, маица на кратки ракави и спортски патики.

 

 | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!