Почетна / Филм / Епската приказна за „Бен Хур“ оваа сабота и недела во 17 часот на Сител

Епската приказна за „Бен Хур“ оваа сабота и недела во 17 часот на Сител

 

Сабота и недела (Велигден) на Сител во 17 часот

 

Сторија за богатиот принц Бен Хур од Ерусалим, кој живее среќно со својата фамилија се до моментот кога во градот ќе се врати неговиот стар пријател и римски заповедник, Месала. Некогашното пријателство станува ривалство, поради различните политички и општествени гледишта, па затоа Месала лажно го обвинува Бен Хур дека сакал да го убие и го праќа во ропство.

 

 

Одвоен од семејството и жената што ја сака, Бен Хур минува неколку години на римските галии. Конечно, својата шанса за одмазда ќе ја дочека со познатата трка на двоколки, во која ќе има можност да го порази Месала и да го врати својот углед.

 

 

Во главните улоги ќе ги гледаме Joseph Morgan, Stephen Campbell Moore, Kristin Kreuk и Emily VanCamp. И покрај тоа што оригиналната приказна од 1959 година освои 11 Оскари и ја доби наклоноста на критиката, сепак и оваа верзија успеа да привлече големо внимание, а е во продукција на Alchemy Television, Dreamtime Entertainment и Muse Entertainmet.

 


 

Во време на најголемиот христијански празник, Сител ќе го емитува дводелниот британски филм за Бен Хур и неговите авантури во библиските денови – оваа сабота и оваа недела со почеток во 17 часот.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викенд кино на Сител со италијански вестерн, романса и комедија

Во сабота (22 февруари) во пладневниот термин, Сител ќе го емитува италијанскиот вестерн класик “Денес …

error: Содржината е заштитена!