Почетна / Живот / Запознајте го 14-членото семејство Вилис и нивните музички таленти

Запознајте го 14-членото семејство Вилис и нивните музички таленти

 

Од „Америка има талент“ до сопствено шоу

 

Таткото Тоби и мајката Бренда животот им го посветија на своите 12 сина и ќерки, со кои патуваат низ САД и одржуваат концерти. Вниманието го привлекоа во реалното шоу „Америка има талент“ кога ја одушевија публиката со својата музика и со оригиналниот звук.

 


 

Серијата од 13 епизоди посветена на семејство Вилис на програмата на каналот ТЛЦ ќе почне од понеделник, 7 декември, во 21 часот. Серијата го следи животот на семејството дома и за време на турнеите. Ќе видиме како Бренда и Тоби Вилис заедно се соочуваат со секојдневните предизвици околу грижата за 14-членото семејство, додека ги завршуваат обврските поврзани со своите настапи и турнеи.

Ова семејство од околината на Нешвил, САД, се најде во центарот на вниманието по настапот во последниот круг на натпреварот „Америка има талент“, каде што сите се вљубија во нивната музика и во оригиналниот звук. Снимката од нивниот настап има повеќе од 6 милиони посети на музичкиот канал Јутјуб.

 


 

Во серијата „Музикалното семејство Вилис“ гледачите ќе добијат шанса да ѕирнат во нивниот живот додека патуваат низ САД, презентирајќи го својот талент на многубројни концерти и обидувајќи се професионалниот да го усогласат со семејниот живот.

Проследете ја првата епизода во денес, 7 декември во 21ч. на ТЛЦ и секоја нова епизода секој понеделник во истиот термин.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Воден свет ќе се гради во Зоолошката градина во Скопје

 Воден свет, или просторија со големи аквариуми за риби и други водни животни, ќе се …

error: Содржината е заштитена!