Почетна / Сапуници / Четврт развод за Синтија Клитбо или Тамара од „Право на љубов“

Четврт развод за Синтија Клитбо или Тамара од „Право на љубов“

 

20 години неуспешно плови во брачните води

 

 

Се сеќавате на Тамара, една од најомразените и најопасни негативки во теленовели? За македонската публика стана позната токму по ликот на невротичнатаи злобна Тамара од мега хитот “Право на љубов” каде не бираше средства да остане со Виктор Мануел и да го раздели од Кристина.

 

 

Улогата и донесе награда за најдобра негативка, а потоа со слична улога се појави и во “Невестински превез”. Новите генерации ја следеа и во помалку помалку популарни улоги во сериите “Перегрина” и “Тереса”.

 

 

Синтија Клитбо денес има 49 години и живее во Мексико Сити. Досега беше мажена четири пати. Првиот пат со актерот Хорхе Антолин (1987-1989), а во 1995 се омажи со Франсиско Гаторно, за нас познат по улогите во “Пустински љубовници” и “Земја на страсти”. По нив, следеше бракот со Рубен Лира и во 2012 година по четврт пат се омажи со нејзин стар пријател, Давид Херестиан.

 

 

Минатиов месец и тој брак за Синтија заврши. Медиумите зборуваат дека парот ставил крај поради честите напади на љубомора. Сега актерката живее сама со својата ќерка од третиот брак, а за несреќата да биде поголема, пред неколку дена ја загуби и својата мајка.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гледачите и фановите бараат Телма да продолжи со нови теленовели

По големото внимание кое го предизвикаа дневните мексикански серии, гледачите со неверување дека одеднаш Телма …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!