Почетна / Телевизија / ТВ забавен документ „Направено по ЈУС“ од недела на Сител

ТВ забавен документ „Направено по ЈУС“ од недела на Сител

 

Пред излогот на големата југословенска стоковна куќа

 

“Направено по ЈУС” е српска документарно забавна емисија, која ќе се емитува секоја недела во 18 часот на Сител телевизија. За некого сѐ, за секого по нешто. Времето на бивша Југославија е време на најубави сеќавања за постарите генерации и токму феномените на популарната култура од тоа време се прикажани во овој телевизиски серијал.

 

 

Од првите влијанија на западната култура во 50-тите години од минатиот век во тогаш новородените ЈУ фестивали, до новите бранови на ју музика, од партизанските играни спектакли до комедиите на Душко Ковачевиќ и освојувањето на Купот на Шампионите … оваа емисија ќе ни ги доближи луѓето од тие денови, тие времиња, кои ќе збруваат за своите подвизи, падови, за смеата, заедничкиот живот на сите екс ју народи, за братството и единството, за Тито, за сето тоа што се пренесува на новите генерации.

 

 

150 интервјуа снимени во Скопје, Белград, Љубљана, Сплит, Загреб, Сараево кои немаат за цел да ни доловат ју носталгија, туку ќе прикажат дел од нашата колективна историја, дел од едно време и луѓе кои го претставуваат тоа време. Независно од сегашното име на државите и народите, ова е уште еден квалитетен српски тв проект, кој ќе нѐ донесе пред излогот на големата стоковна куќа.

 

 

Како се чувствувал Сале Ѓорѓевиќ додека гледал како топката влегува во кошот на финалето во Истанбул, која пејачка прва ги покажа своите облини, дали Отпишаните навистина постоеле, колку луѓе го гледаа Валтер додека го брани Сараево, што мисли Бата Живојиновиќ за тоа, која е напродаваната плоча на сите времиња на овие простори, кои биле феномените Бијело дугме и многу повеќе веќе од недела на Сител телевизија точно во 18 часот.

 

 

Низ 29 епизоди, низ 29 недели, Сител ќе ни ги прикаже и првите успеси на Ѕвезда и Партизан, култните филмски ју комедии и Олимписките игри во Сараево. “Направено по ЈУС” ни ги носи најголемите музички и актерски имиња од овие простори, кои пред неколку години премиерно ги слушавте и гледавте на Алфа телевизија. Овојпат на Сител, недела, 18 часот.

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!