Почетна / Телевизија / Нова емисија на Алфа за стилско уредување на просторот „Квадрат“

Нова емисија на Алфа за стилско уредување на просторот „Квадрат“

 

“Урбан блок” и новата “Квадрат” на Алфа телевизија

 

 

Секоја недела во 11.30 часот на Алфа телевизија се емитува новата емисија за уредување на простор – “Квадрат”. Креативни идеи и решенија за исполнување на секој квадрат од вашиот дом ќе бидат презентирани во новата емисија на Кат Медиа, овојпат емитувана на Алфа телевизија. “Квадрат” и Ана Николовска откриваат како може да се комбинираат различни бои, нијанси и дизајни за на крајот да се добие естетика во визуелизацијата на целиот простор.

 

 

Покрај “Квадрат”, од сега на Алфа ќе се емитува и “Урбан блок” од истата продукција, уште една емисија која долго време опстојува на нашите телевизии. Кат Медиа своите ТВ емисии ги емитуваше на веќе згаснатата скопска Скај Нет, а потоа преминаа на 24 Вести. Од сега нивните емисии ќе ги следите на фреквенцијата на Алфа.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …