Почетна / Серии / Руската детективска потрага на „Исаев“ во 16 часот на Телма

Руската детективска потрага на „Исаев“ во 16 часот на Телма

 

Ѕирнете во светот на руските тајни служби и криминални игри

 

 

Секоја среда, четврток и петок во 16 часот, Телма телевизија ќе ја емитува руската серија за најголемиот руски шпион – “Исаев”. Снимена во 2009 година, низ 16 продолженија ќе ја следите детективската потрага на младиот и остроумен ддетектив Исаев, базирана на романите на рускиот автор Илија Семионов.

 

 

Приказната зборува за големата кражба на вреден артефакт во 1920. година, која ја истражува Максим Исаев. Многу посакале да го имаат овој вреден артефакт, почнувајќи од странските агенти па се до голем број на емигранти. Еден од нив, Воронстов, сакал да го украде артефактот како би ја финансирал тајната антисоветска организација која требало да ја урне Владата.

 

 

Меѓутоа и тој во овој случај излегува само еден мал пион во раката на крупните играчи кои сакаат да го искористат за голема и бескруполозна работа. Сепак, младиот истражувач и детектив Исаев ќе се инфилтрира меѓу Белите емигранти како би ја пронашол украдената артефакт вредност.

Шпионски завери, непредвидлива истрага и голема љубов е она што ве очекува на Телма.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Наркосите“ на Телма во новите епизоди се „селат“ во Мексико

Од Колумбија, продуцентите на “Наркос” се селат во Мексико. Како започна и како се развиваше …

error: Содржината е заштитена!