Почетна / Сапуници / Понеделник и вторник на Сител – последни епизоди од „Црната роза“

Понеделник и вторник на Сител – последни епизоди од „Црната роза“

 

Трагедијата завршува, крај за Розата на Сител

 

Понеделник и вторник на Сител телевизија во 22 часот ќе бидат емитувани последните две епизоди на маратонската турска серија “Црната роза”. Серијата за традицијата и угнетувањето, за пожртвуваноста и тероророт, за надежта и безнадежноста… доаѓа до своето финале.

 

 

“Црната роза” е една од најгледаните турски серии последниве години не само во Турција, туку во целиот регион, па и Македонија. Година ипол емитување на Сител телевизија и година ипол дружење на гледачите со ликовите кои се борат за вистината и правдата. И сега, кога сите трагедии завршија и негативците го добија заслуженото, дали конечно среќата ќе се насмевне за Ебру?

 

 

Детето кое беше одземено од неа, сега е тука, но дали по толку години страдање, ќе го чуе зборот “мамо”? Има ли шанса да биде среќна со изгубеното семејство? Има ли шанса да се вратат одземените спомени? Постои ли сега среќа за црните рози? Постои ли живот за жените кои се родија таму каде што немаше надеж за тоа?

Понеделник и вторник на Сител телевизија, последни епизоди од “Црната роза”. Од среда во нејзиниот термин, продолжуваат нови епизоди од српската серија “Синѓелиќи”.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брачни игри | Ве запознаваме со Серген од новата хит серија

Серген Гунај е успешен бранител. Тој е добар татко, особено е приврзан за своите деца. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!