Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #033 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #033 | ARDIENTE PASIÓN

 

33то продолжение

 

Капричо беше воодушевена од непознатиот господин кој го сретна во фирмата каде што работеше нејзината пријателка Јулиса. Се сеќаваше на неговиоте беспрекорни заби, на убавите силни раце. Никогаш не беше романтична но секогаш знаеше дека сака успешен маж крај себе. А Антолин Варгас беше се што некогаш сакала. Откако му го извлака палтото, го понесе со себе во пансионот на Магдалена да ја отстранат дамката. Меѓутоа, дамката стана поголема.

–          Боже мој, Енграсија, што е ова?, – крикна Капричо.- Го уништи оделото на Антолин!

–          Жалам, Капричо не знам како дојде до тоа.

–          Дамката е огромна! Уште поголема од претходно! Што направи?

–          Само ја искористив специјалната смеса која ја користам кога ги вадам дамките од работничките униформи на татко. Малку керозин измешан со…, – гордо објасни девојката.

–          Керозин? Дали си полудела? Си ставила керозин на италијанско одело од кашмир?

–          Извини, Капричо, – пелтечеше Енграсија.  – Кога ќе дојде Магдалена сигурно ќе знае да го среди.

–          Јас знам како да те средам!, – беснееше Капричо. – Ќе те заврзам и претепам со метла! Што да му кажам сега на Антолин? Каков срам.

Се слушна ѕвоното од вратата. Капричо и нареди на Енграсија да го собере палтото, молејки се дека доаѓа Магдалена која го заборавила клучот. Наместо неа, на влезната врата од пансионот стоеше Антолин со својата беспрекорна насмевка.

–          Вашата пријателка Јулиса ми ја даде адресата. Дојдов по моето сако.

–          Вашето сако сеуште не е готово, – кратко одговори Капричо.

–          Дојдов за да го однесам на хемиско.

–          Имам мала исповед, господине Варгас. Го уништив вашето сако. Дамката само се зголеми.

На изненадување на Капричо, Антолин почна да се кикоти. Му беше слатка реакцијата на девојката.

–          Ништо страшно. Иамам стотина такви сакоа. Едно помалку не е ништо.

–          Значи, не ми замерувате? Всушност, онаа која го униште сакото беше мојата пријателка Енграсија…

–          Тогаш озволи ми да најдам начин да ја исплатиш штетата…

–          Јас сум пристојна девојка, – извика Капричо свесна каков глас ги бие девојките кои живеат во пансионот на Магдалена.

–          Не се ни сомневам. Само сакав да те поканам на вечера. Што велиш?

Во главвата на Капричо се вртеа стотици прашања и сомнежи. Не можеше да оди на вечера со човекот кој беше класа пред неа. Софистициран, образован, среден.

–          Толку ли е сложен мојот предлог?, – се замеше Антолин. – Сакате ли да ве одведам на вечера или не?

–          Дозволете ми да ви објаснам, господине. Иако срцето ми вреска да излезам на вечера со вас, разумот не ми дозволува.

–          Не прифаќам не за одговор.

 

Дамијана се чувствуваше како дома во куќата на Тристан.  Саграрио продолжи да работи на Дорада, па младата жена имаше се повеќе време да биде насамо со човекот кој и се допаѓа.

Откако Ребека беше пуштена од болница, се врати назад во куќата на својот брат.

–          Како си, ќерко?, – телефонски ја праша својата ќерка која ја немаше слушната со денови.

–          Не грижи се, мајко, добро сум.

–          Но, каде си?

–          Кај Тристан Фуего. Човекот кој ми помогна да те одведам во болница. Почекај малку. Некој тропа на вратата. Ќе се слушнеме подоцна.

Откако ја прекина линијата, Дамијан апојде да отвори. Го стори тоа сосема комотно како да се наоѓа во свој дом. На вратата стоеше за неа непознат млад маж.

–          Добар ден. Кого барате?

–          Го барам Тристан Фуего.

–          Кој го бара ако смеам да прашам?

–          Моето име е Саломон Алкантар. Јас сум адвокатот на Тристан. Само сакав да знам дали ја доби пресудата?

–          Секако. Само што излезе да прослави со другарите. Влезете слободно. Моето име е Дамијана Фуентес.

–          Сум чул за вас.

–          Јас ја платив кауцијата за слободата на Тристан. Сакав да ја исправам грешката која ја направив, но таа постапка ме чинеше губење на работното место. Но, кој ве плаќа за да го браните Тристан? Тристан и неговата мајка немаат пари да си дозволат фенси адвокат како вас, господине Алкантара.

–          Ние двајца потпишавме договор, – кратко одговори Саломон кој немаше доверба во Дамијана. – Но, што барате вие овде? Колку што знам вие сте внука на Вадо Фалкон и живеевте во вилата?

–          Сега живеам овде, – кратко одговори Дамијана.

–          Во соседството на рударите? Вие, внуката на Вадо Фалкон, кралот на златото?

–          Вујко ми и јас имавме недоразбирања. Сега живеам тука со Тристан Фуего.

 

По заминувањето на Саломон, Дамијана влезе во кујната да најде нешто за јадење.  Не можеше да сфати како некој луѓе можат да живеат во толкава беда. Презирно гледаше на скромните работи. Беше запрепастена кога го виде фрижидерот полн со ефтини конзерви. Одеднаш слушна како некој ја отвара вратата. Дамијана се надеваше дека е Тристан, но во куќата влезе Саграрио Фуего.

–          Госпоѓо Саграрио! Не е возможно. Не е дека вие сте мајката на Тристан?, – се изненади Дамијана кога пред себе ја здогледа готвачката од вилата.

–          Точно, Тристан ми е син. И смеам ли да знам од каде вие овде, госпоѓице Дамијана?

–          Гледам дека Тристан не ви кажал. Имав некои провблеми со вујко и ме истера од вилата. Му се обратив за помош на вашиот син и ми дозволи да останам овде додека не се снајдам. Се надевам дека не е проблем?

–          Можете да останете колку сакате, но во оваа куќа го нема раскошот на кој сте навикната, госпоѓице.

–          Можеби вашиот дом нема луксуз, но има полно топлина, Саграрио. Сакав да го изненадам Тристан и да му подготвам вечера.

–          Секако, нема проблем.

–          Сакав да прославиме за слободата на Тристан и за неговото враќање во рудникот!

Заѕвоне телефонот и Саграрио потрча да одговори.

–          Ало? Хосе Гвадалупе! Да, добра сум. Аха…Разбирам. секако дека нема проблем. Ти благодарам што се јави.

Откако ја спушти слушалката, Саграрио погледна во Дамијана и рече;

–          Беше Хосе Гвадалупе, колегата и пријател на мојот син. Се јави да извести дека Тристан и другарите ќе останат во меаната подолго и да не го чекаме за вечера. Изгледа остануваме сами јас и ти за вечера.

Дамијана беснееше иако не го покажа тоа. За прв пат беше подготвена да направи нешто за некого а тој некој немаше ни да дојде за вечера.

 

Додека Тристан Фуего ја прославуваше својата слобода и враќањето на работното место, со своите пријатели и колеги во меаната, Јулиса се врати од работа разочарана што Тристан така лесно ја заменил со Дамијана Фуентес. Нејзината тага не можеше да избегне од острите и мудри очи на Магдалена.

–          Што ти се случува, девојче мое? Не си своја во последно време.

–          Ништо, мамо, само сум изморена.

–          Знаеш дека мене не можеш да ме прелажеш.

Јулиса го подигна погледот. Очите и се наполнија со солзи кога со тешко срце и грутка во грлото изговори;

–          Тристан има друга, мамо.

–          Дали си сигурна?, – зачудено праша Магдалена.

–          Самата ја видов кога отидов кај него дома. Излезе во баде мантил додека тој се тушираше.

–          Која е?

–          Дамијана Фуентес, внуката на Вадо. Тристан е со таа жена а јас умирам од љубомора. Ми доаѓа да му се јавам на Ектор Фалкон и да му кажам дека ќе му се предадам со цело тело само да го заборавам Тристан!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!