Почетна / Филм / Покер драма и романса со Ричард Гир во празничната ноќ на Телма

Покер драма и романса со Ричард Гир во празничната ноќ на Телма

 

На денот на словенските просветители – предлог филмови на Телма :

 

четврток (24 мај 2018) – 19.15 часот – “Lucky you”

Филм номиниран за награда „AFI International Award“ за најдобар глумец и дело на сценаристот на “Forrest gump”.

 

 

Надарен млад коцкар е во центарот на приказната, кој добива неколку лекции за рискирање и награди од страна една пејачка и нејзината сестра. Во светот на покерот каде постојат победници и губитници, младиот коцкар е на чекор да се испроба со сопствениот татко, со кого никогаш претходно не бил близок. На потег е нашиот блефер, кој на светскиот турнир во покер ќе игра и против професионална покерашка која има две нараквици од светски турнири.

 

 

 Дру Баримор, Роберт Дувал и Ерик Бана во извонредната покер драма од 2007 година.

 

 четврток (24 мај 2018) – 22.00 часот – “Nights in Rodanthe”

За празнично опуштање, пред спиење, Телма телевизија ви го предлага “Ноќите во Роданте” со Ричард Гир и Дајан Лејн. Доаѓањето во едно мирно приморско место ќе биде спасот за една жена да се тргне од целиот хаос на градот, да побегне од сопругот кој сака очајнички да ја врати, од ќерката која ја презира секоја нејзина одлука, од сите проблеми кои ја мачат оваа жена…

 

 

Но, најавата за бура ќе ја натера Адријана да преспие во еден хотел и да ја смири кризата на совеста, но тука го запознава докторот Пол. Викендот во хотелот ќе ги спои двајцата осамени и несреќни луѓе, кои ќе доживеат голема и незаборавна романса.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!