Почетна / МК Сцена / Александра Јанева на „Макфест 2013“

Александра Јанева на „Макфест 2013“

 

Веќе познатиот вокал од Струмица, кој ја споредуваат со Џеси Џеј, Александра Јанева, тргнува со соло кариера. Александра ќе учествува на 28-то издание „Макфест“, кој ќе се одржи на 11 и 12 октомври во Штип.

 

 

Како што дознава Радио СтрумицаНет, таа ќе пее композиција на Ристо Самарџиев, еден од членовите на жирито на ТВ натпреварот „Сите наши песни“ на МРТ, каде Александра, заедно со Гонце и Тања го освоија првото место, претставувајќи ја Струмица. Песната носи наслов „Врати ми го сонцето“, Самарџиев е автор на музиката и текстот, а аранжманот го направи Владимир Дојчиновски.

 

 

Александра Јанева и Ристо Самарџиев се запознале токму на оваа шоу, а по успешните настапи и прекрасните интерпретации и понудил песна за да ја пее на „Макфест“. Александра откако ја слушнала песната ја прифатила понудата.

Таа е меѓу 25-те учесници на годинашното издание на кое ќе настапат и Кристина Арнаудова, Маја Вукичевиќ, Игор Митровиќ, Сања Лефкова, Филип Филиповски (од Next Time), Игор Шаревски, Горан Наумовски и други познати имиња од македонската забавна естрада.

 

 

 

Радио СтрумицаНет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Момците од „Либеро бенд“ најавуваат нова песна со видео запис

Интересен  и уникатен проект, составен од неколку поврзани песни и видеа, летово најавија момците од …