Почетна / Филм / Акција со Чак Норис и трилер со Мајкл Медсен овој викенд на Сител

Акција со Чак Норис и трилер со Мајкл Медсен овој викенд на Сител

 

“Code of silence” – сабота, “Kidnapped in Romania” – недела на Сител

 

Вечерва, 8 јули, веднаш по хит комедијата “Добриот домаќин”, Сител телевизија ќе емитува уште една извонредна акција со познатиот Чак Норис.

 

 

Овојпат во улога на чесниот полицаец Еди од Чикаго, кој се обидува да го смири судирот меѓу Италијанците и Американците. Среде оваа војна, едно дете ќе стане жртва на полицијата, а тој ќе среди се за да го казни неодговорниот колега, затоа што никој не сака да го прекрши законот на молчењето. Во главните улоги во оваа крими драма освен Чак Норис, ќе ги гледаме и Хенри Силва, Денис Фарина и Моли Хеган.

 

 

Утревечер, пак недела, време за уште една телевизиска премиера. Во 21 часот, двајца американски новинари, Миријам и Пол, ќе дојдат во Романија. Но, уште на почетокот на нивната работна задача, се соочуваат со неочекуван проблем. Барајќи помош, тие наидуваат на локална банда кои наместо да им помогнат, ги киднапираат. Секоја трага за нивно пронаоѓање е избришана.

Покрај овие две премиери, Сител телевизија секоја вечер ова лето емитува игран филм во 23.30 часот. Забавата и ова лето е на Сител.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акционен трилер во петок и костимирана драма во недела на Прва

петок (15. ноември), МТВ 1, 22.55 часот – “Љубов и изнуда” Дјук е воен ветеран …

error: Содржината е заштитена!