Почетна / Филм / Адреналинската акција „Deadly impact“ во саботното кино на Сител

Адреналинската акција „Deadly impact“ во саботното кино на Сител

 

Вечерва, 21.15 часот, веднаш по Домаќинот

 

Вечерва, 22 јули на Сител телевизија – време за играна забава со “Deadfly impact”. Веднаш по летната комедија што ве смее до солзи, гледајте ја адреналинската акција “Смртоносен удар” само на Сител. Филмот не води низ приказната на еден полицаец кој бара одмазда за озогласениот атентатор.

 

 

Том Армстронг живее во Мексико каде ФБИ го наоѓа и го известува дека има нова работна задача како полицаец. Задачата е по секоја цена да се фати Лав, ладнокрвниот, лукав и немилосрден убиец и атентатор. Но, што и да направи Том Армстронг, сепак убиецот е цело време на чекор пред него.

 

 

Играта на мачка и глушец ќе резултира со невидени возбудливи ситуации од типот на оние во кои влегуваше Џек Бауер во “24”. Се’ што еден врвен трилер може да понуди ќе гледате вечерва на ТВ Сител – бомбашки напади, експлозии, потера, местенки, уцени. Во главните улоги настапуваат Sean Patrick Flanery, Joe Pantoliano, Carmen Serano, Greg Serano, Amanda Wyss.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува ретро киното на Алфа, погледнете што следува

Продолжуа летното кино на Алфа со ретро југословенски филмови. Во продолжение прочитајте кои филмови ќе …