Почетна / Сапуници / Од плажите на Крит и полињата на Кипар доаѓа „Бруско“ на Сител

Од плажите на Крит и полињата на Кипар доаѓа „Бруско“ на Сител

Ексклузивно, ова лето на Сител телевизија започнува популарната грчка сапуница “Бруско”. Романтична приказна за забранетата љубов која ја оживува вонвременската историја за Ромео и Јулија. Наскоро, бидете со нас – го откриваме почетокот на летниот хит “Бруско”.

Магијата на виното ‘Бруско’ ќе ги спои нивните срца, а страста ќе стане посилна од сѐ друго. Љубовта меѓу двајцата млади ќе донесе лавина проблеми затоа што тие се несвесни за фаталните последици кои може да ги донесе таа врска. Кога традицијата ќе ги окова нивните мисли, желбата за слобода е единствениот пат до среќата.

Гледачите ќе уживаат во пејсажите на божествените острови Крит и Кипар, каде што е и снимана оваа серија. Голем дел од сцените се снимени на убавите полиња на винова лоза на Кипар, возбудливите плажи на Крит, богаташките вили на Никозија и улиците на преубавиот град Хања.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездите на „Аси“ и „Ѓумуш“ во нова играна продукција на Сител

Нова играна серија на телевизија Сител. Ѕвездите на Аси и Ѓумуш се враќаат на малите …