Почетна / Филм / Филмска саботна вечер на ТВ 24 со шпанската акција „Sin salida“

Филмска саботна вечер на ТВ 24 со шпанската акција „Sin salida“

Ако на националните телевизии во сабота навечер се прикажуваат турска комедија, турбо фолк шоу и бокс, на ТВ 24 оваа сабота на 4 мај во 20.45 часот ќе се емитува шпанската акција “Без излез”. Филм од 2015-та година со Ектор Ечеварија во главната улога, чие сиже може да го прочитате во продолжение :

Хуан де Лос Сантос, е поранешен таен полицаец од Парагвај, кој е подготвен да го сруши најголемиот картел за наркотици во Латинска Америка, ни ќе изгуби сè; сопругата и децата кои се брутално убиени. Хуан, и самиот е тешко ранет. Тој е подготвен да преземе било каква работа за да ја ублажи трагедијата. Почнува да работи во ноќен клуб, во кујна, но открива дека клубот е место каде се одвива трговија со дрога. Новата смртоносна дрога, комбинација од кокаин и екстази се шири на север преку континентот, проследено со трговија со луѓе. Ангела е дел од шемата за трговија со луѓе и нејзината средба со Хуан ја навлекува мафијата која по секоја цена сака да ги ликвидира како опасни сведоци.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филмска рецензија на дистопискиот СФ „What happened to Monday“

Во соработка со блогот “Филмска анализа” продолжуваме со објавување на најновите осврти на познати и …