Почетна / Филм / Филмска понуда на МТВ 1 за предновогодишниот викенд

Филмска понуда на МТВ 1 за предновогодишниот викенд

 

Филмови за викенд на МТВ 1 (23 и 24 декември)

 

сабота, 23.12.2017, 21.40 часот – “Принцот” (The Prince)

 

 

Еден пензиониран мафијашки платеник се враќа во Лас Вегас откако исчезнува неговата ќерка. По киднапирањето на ќерка му животот на некогашниот убиец  се менува преку ноќ, и за да го реши случајот, мора да му „се врати” на некогашниот начин на живот. Во мафијашката средина, каде што се работи по принципот „око за око, заб за заб”, тој е познат како Принц, но за да ја спаси ќерката мора да се соочи со својот најголем ривал со кого поминал бурно минато.

Џејсон Патрик и Брус Вилис ќе ги гледаме во овој акционен трилер од 2014 година, од продуцентите на “Escape plan”.

 

сабота, 23.12.2017, 00.00 часот – “Знакот: Искупување” (Mark 2 : Redemption)

 

 

По бегството од летот 777, Чед Тарнер и стјуардесата Дао ќе се најдат во светот на лудило во кој почнува апокалипса. Нив ги прогонуваат платени убијци на чело со Џозеф Пик, кои имаат наредба од некогашниот маринец Чед Тарнер да го извадат биометрискиот микрочип за да можат да ги контролираат масите. Чед треба да ги употреби своите вештини за да им се спротивстави на платениците кои го прогонуваат.

 

недела, 24.12.2017, 17.45 часот – “Никогаш не е доцна за љубов” (Now is good)

 

 

Дакота Фенинг, Оливија Вилијамс, Каја Скоделарио ќе ги гледаме во драмата на Ол Паркер. Приказната зборува за една млада девојка, болна од леукемија. Без оглед на лекувањето што траело 4 години, докторот им соопштува дека е немоќен пред страшната вистина и дека не ѝ останува уште многу време. Таа прави листа на работи што треба да ги направи пред да почине, а во остварувањето на плановите ѝ помага најдобрата пријателка.

 

недела, 24.12.2017, 00.00 часот – “Во исчекување” (Expecting)

 

 

По долгогодишна борба да добие дете со мажот, Лизи губи надеж дека некогаш ќе роди. Но кога нејзината најдобра пријателка Енди останува бремена по врска од една ноќ, се појавува и неочекувано решение – Енди ѝ нуди да го роди бебето и да ѝ го даде на Лизи. Брачниот пар се согласува со предлогот, но под еден услов – за време на бременоста Енди мора да живее кај нив! Тогаш започнуваат смешните моменти кои Мишел Монахан, Раџа Мичел, Џон Дор и Мими Кенеди ќе нѝ ги пренесат преку оваа драмедија.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пирс Броснан и Гај Пирс во трилерот „Spinning man” во сабота на Телма

сабота, 13 април 2024 година, Телма ТВ, 22.15 часот – Филозофија на убивањето Еван Бирч …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!