Почетна / Забава / Грчкото ДиЏеј дуо „Future of matter“ на 13. јануари во Епицентар

Грчкото ДиЏеј дуо „Future of matter“ на 13. јануари во Епицентар

 

Техно журка во сабота во скопски “Епицентар”

 

“Future of Matter” доаѓаат од Солун, а нивната приказна започнува со пасијата за длабоките и емотивни електронски звуци, спојувајќи ги Haris Giachanos и Dimitris Mitilinaios на едно заедничко музичко патување. Селестијалните техно звуци со фокус на мелодијата во сетовите на Future of Matter е она што ве тера да преминете во друга музичка димензија.

 

 

Заедно се од 2016та и до сега настапиле пред голем број артисти меѓу кои: Tale of Us, Âme, Mano Le Tough, Monoloc, Pisetzky, а оваа година за прв пат и на најпознатиот музички фестивал во Грција, Reworks Festival. Како локална поддршка ќе настапат Ana Malo и Baloski. Истовремено и тврди и тешки и полни со енергија, со цел дијапазон на емоции во мелодијата и басовната линија овие двајца млади диџеи прецизно го разместуваат скроениот ритам на омилените продуценти.

 

 

Инспирацијата ја влечат од дивергентните музички правци на undergroundот, се фокусираат на музичкиот дизајн, еволуирајќи во звукот кој истовремено го трасира патот на младата генерација.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Луксузниот бренд ,,Елена Лука” го носи својот гламур во Њујорк!

Десетгодишниот јубилеј означува една нова ера за етаблираниот моден бренд Елена Лука и македонската мода …