Почетна / Забава / 1-ви и 2-ри мај со музика на отворено во Штип

1-ви и 2-ри мај со музика на отворено во Штип

 

Штип – домаќин на „Gate One Open Air Happening“, настан за љубителите на електронската музика

На 1.ви и 2.ри Мај 2014 година на локацијата „9-ти Километар“ во Штип, за прв пат ќе се одржи „Gate One Open Air Happening“, пролетен настан за љубителите на електронската и забавната музика.
На истиот е предвиден настап на реномирани музички имиња, со цел да се афирмираат отворените забави во регионот и истите да се таргетираат како настани кои, сами по себе, изнудуваат големо и несекојдневно уживање.
Концептот на овој музички настан посветен на дводевни музички настапи и има за цел да ја разбуди безграничноста и сплотеноста која ја прокламира музиката.Ќе настапат квалитетни и веќе докажани музички имиња од Македонија, како и ексклузивните интернационални гости кои доаѓаат директно од Холандија и Бугарија.

Слика

Хепенингот ќе започнe нa 1ви Мај во утринските часови, со настап на повеќе македонски изведувачи (Dj-и, бендови, артисти), познати имиња како SHINE, The Hounds, No End, Edmond Binoge, BlagoyKralev, ZokiPoki, а крајот на вечерта ќего означат талентираните Future Inc со својот „live“ перформанс.
По неколку часовна пауза хепенингот ќе продолжи и наредниот ден со електронска музика и настап на реномирани македонски имиња од клубската сцена како Борче Панов, Андреј Мицајков, Vasile а како специјални гости на вечерта директно од Холандија ME.N.U и Francesco Robustelli а за крај на настанот со свој сет ќе присуствува и бугарскиот диџеј „TIMMO“.
Сличен музички хепенинг за последен пат беше оддржан на почетокот на 90.тите години од минатиот век, кога беше организиран маратонски, тридневен рок-коцерт на групи од Македонија и бивша Југославија на приближно истата локација.

Во продолжение ви ја претставуваме целата програма за двата дена :

1 Maj
12:00-14:00 / Blagoy Kralev
14:00-16:00 / No End , Zoran Iliev
16:00-18:00 / Shine
18:00-20:00 / The Hounds
20:00-22:00 / Future Inc.
22:00-24:00 / Zoki Poki

2 Maj
16:00-18:00 / Edmond Binoge
18:00-20:00 / Vasile
20:00-22:00 / Laki 
22:00-00:00 / Andrej Micajkov
00:00-02:00 / M.E.NU b2b F.Robustelli
02:00-04:00 / Timmo
04:00-06:00 / Borce Panov

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Луксузниот бренд ,,Елена Лука” го носи својот гламур во Њујорк!

Десетгодишниот јубилеј означува една нова ера за етаблираниот моден бренд Елена Лука и македонската мода …