Почетна / Забава / Доделени 1 милион евра на „Ново Лото“

Доделени 1 милион евра на „Ново Лото“

 

За 90 кола колку што до сега се одржани во 2013-та година од првото коло одржано на 02.10.2013 заклучно со 90-тото коло одржано во саботатата 02.11.2013, играта на среќа Ново Лото заокружи 1.000.000 (еден милион) евра во постигнати и доделени добивки.

Имено, во овие 90 кола остварена е една седумка во вредност од над 282.000 евра уплатена во Скопје во Монас Трејд на улица Македонија, девет добивки 6+1 постигнати во различни градови низ Република Македонија, 272 добивки за шест погодоци 6-ки, 11. 279 добикви за пет погодоци и 15.839 добивки за четири погодоци.

 

 

Со ова играта Ново Лото е високо на почесното место – омилена игра на македонските граѓани која ја носи највисоката премија во Македонија.

Бројката од над 1.000.000 евра во постигнати и доделени добивки во 2013-та се однесува само на играта Ново Лото, додека дополнителната игра Ново Лото Џокер чии извлекувања се реализираат во истата ТВ емисија, веднаш по извлекувањата на Ново Лото, носи посебна среќна приказна. Таа среќна приказна во 90-тото коло го доби и својот трет добитник на премија Џокер со 6 погодоци со рекордна добивка за оваа дополнителна игра од над 3.000.000 денари. Веќе се запознавме и со среќниот добитник, а сторијата за него ќе ја сместиме во следното известување.

Играчите на Ново Лото знаат зошто и се верни на оваа игра, а според сумата на доделени добивки во 2013-та ја оправдува нивната верба.

Во моментов премијата за 7-ка на Ново Лото изнесува над 13.300.000 денари.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!