Почетна / Серии / 18 години подоцна – култната детска серија „Наше маало“ на Наша тв

18 години подоцна – култната детска серија „Наше маало“ на Наша тв

 

Потсетете се на згодите и незгодите на Мали, Бени, Џејлан, Ице, Диме …

 

Серија со која израснаа многу генерации, на чии епизоди искрено сите се радуваа, преку која можевме да научиме за другите култури и ни помогна подобро да се запознаеме меѓусебе… „Наше маало“ ни ги покажа сите предности од живеењето во една мултикултурна заедница.

 

 

Една од најдобрите македонски продукции на сите времиња. Детската серија “Наше маало” е незаборавен ТВ проект со кој растевме на фреквенцијата на А1 телевизија. “Само едно е, едно е наше маало” беа стиховите на Ерзана, Ребека и Есма со кои започнуваше секоја нова епизода, а немавме интернет за да посакаме во било кое време да ја следиме серијата, па затоа со задоволство ги очекувавме новите авантури на малите јунаци секоја недела.

 

 

Прв мултикултен проект преку кој учевме како да ги прифатиме луѓето кои доаѓаат од различни националности и да не ги цениме луѓето по нивната социјална положба и етничка припадност.

 

 

Епа почитувани читатели, потсетете се повторно на Бени, Мали, Диме, Ице, Џејлан, Атиџе, и тоа на фреквенцијата на Наша тв. Секој понеделник во 15 часот, и реприза во среда во 10.30 часот, уживајте повторно со Кармен, зградата што зборува и сите ликови кои направија едно време вредно за сеќавање.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерни епизоди од ситкомот „Мамини синови“ на ТВ 24

Српската верзија на “Mother and son” на телевизија 24, со нови и досега неприкажани епизоди …

Leave a Reply