Почетна / Телевизија / Додека другите тв емитуваат премиери, Алфа репризира за викенд

Додека другите тв емитуваат премиери, Алфа репризира за викенд

Додека најголемите приватни ТВ куќи како Сител, Канал 5, Алсат и Телма емитуваат премиерни содржини за време на викенд прајмтајмот, Алфа телевизија прикажува репризи.

Па така на 30. јануари во прајмтајмот (19 часот) ќе се емитува стара епизода на српската играно документарна емисија “ДНК Анализа”, прикажана многупати досега на Алфа. Потоа следува неколкупати емитуван македонски филм (Џипси Меџик) …

… а за крај на вечерта американската романса “Bakery in Brooklyn”, премиерно емитуван филм на Алфа минатата година, а потоа и репризиран.

Дали Алфа телевизија ќе понуди премиерни содржини за своите гледачи и за викенд ноќите? Гледачите кои не следат турски серии и српски забавни шоу програми, имаат избор преку Телма и Алфа. Но, на Алфа изборот остануваат репризи на веќе емитувани содржини.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради прогласената тродневна жалост, нема да има реклами на ТВ

Поради прогласените денови на жалост од страна на Владата на РСМ, во периодот почнувајќи од …

error: Содржината е заштитена!