Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #011

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #011

 

 

#11то продолжение

 

Во меѓувреме, Фредо се погрижи сите патници да се засолнат во трупот на авионот со цел да не бидат изложени на силната бура која владееше во џунглата. Откако со светлосната батерија ги провери сите патници, седна до стјуардесата Марија, која не можеше да заспие.

–       За што размислуваш?, – ја праша, покривајки ја со поларното кебенце.

–       За Себастијан и онаа девојка. Дали нашле засолниште? Дали нашле луѓе кои ќе ни помогнат?

–       Ќе дознаеме утре, Марија. Сега спиј.

 

 

Ниту Емператриз не можеше да заспие таа вечер. Се превртуваше во постелата, одвреме навреме погледнувајки во часовникот. Стана од креветот и врз пижамата ја облеча наметката. Слезе во кујната по чаша млеко. Сфати дека не е единствената која страда од несоница. Потпрен на својот бастуун, Мануел гледаше во ноќта преку кујнскиот прозорец.

–       Види, види кој е тука, – саркастично рече Емператриз. – Мануел Ламас не може да заспие бидејки го мачи совеста.

–       Што бараш овде, Емператриз?

–       Ова е и моја куќа. Не можев да заспијам, – одговори отварајки го фрижидерот. – Исто како и ти претпоставувам. Но, барем не сум лицемерна.

–       Го сакав брат ми, – како во бунило рече Мануел. – Ти знаеш дека го сакав.

–       Секако дека го сакаше. Но истовремено и го мразше. Од друга страна пак јас секогаш го презирав.

–       Но, сепак не можеш да заспиеш. Бидејки длабоко во себе и тебе те јаде грижа на совест, Емператриз.

–       Не ме засмевај, драги. Мислиш дека не можам да заспијам бидејки исчезна авионот на Себастијан? Не, мил мој, Себастијан е мртов. Уживај во тоа.

–       Ти си монструм, Емператирз, – значајно ја погледна Мануел, седнувајки на кујнската маса.

–       Така ли се зборува со мајка? Со жена која што ја пече совеста, како што рече предмалку? Не можеш да се преправаш пред мене, Мануел. Признај дека дел од тебе ликува. Ајде, признај!

–       Можеби оној лошиот дел во мене, – призна Мануел. – Другиот не.

–       Кој друг? Нема друг дел.

–       Во право си…нема друг дел. Емператриз, како дозна за несреќата? Како дозна дека брат ми управувал со тој авион?

–       Од Рафаел Уриостеги.

–       Рафаел ти кажа?, – шокирано ја праша Мануел. – Рафаел?

–       Еден вљубен маж е подготвен да направи секаква лудост.

–       Ти и Рафаел?

–       Мхм. Што е тука нејасно? Никогаш не си помислил дека еден старец како татко ти, човек како Лусијано Ламас не е доволен за една жена со врела крв како мене? Рафаел и јас немаме тајни. Рафаел прави се што ќе му речам. Се! Не знае да рече не. Ајде на спиење сега. Утре е долг ден.

–       Што друго треба да знам?, – ја праша Мануел.

–       Се во свое време. Но, јас ти и Рафаел треба да направиме нешто, да дејствуваме брзо пред да станеме историја. А никој од нас тројца не го сака тоа.

Кога Каталина се разбуди следното утро, првите сончеви краци продираа во колибата преку отворите од трска. Каталина сеуште беше замотана во поларното кебенце. Погледна наоколу и се најде сама.

–       Себастијан?, – повика по пилотот.

Откако не доби одговор, посегна по своите алишта закачени наоколу. Беа влажни, но со можност за носење. Откако се облече, излезе од колибата, но сеуште ни трага од Себастијан.

–       Себастијан!

Погледна наоколу. Сонцето одвај продираше до неа од густата џунгла. Дрвјата и листовите беа мокри, а тревата беше влажна.

–       Добро утро, – одеднаш до неа допре неговиот глас.

–       Добро утро.

–       Подготвена?

–       Да, подготвена да продолжиме по патот. Ти?

–       И јас. Најдов еден скратен пат кој претпоставувам води до реката. Земи си ги работите и да тргнеме.

 

 

Според претходно договорениот план, три хеликоптери ја пребаруваа областа во густата џунгла на Гватемала. Лусијано преку својот двоглед забележа река во близина и му даде инструкции на пилотот да лета во тој правец.

 

 

Тоа утро Луз Уриостеги се разбуди свежа. Откако излезе од под туш, подготви кафе и го отвори лаптопот, кога заѕвоне мобилниот телефон.

–       Ало? Мануел?

–       Добро утро, Луз. Се обидувам да ја добијам сестра ти но недостапна е веќе повеќе од дванаесет часа. Пристигна?

–       Не. Најверојатно од аеродром отишла во куќата на моите.

–       Те молам, Лусесита, кога ќе дојде Каталина, пренеси и да ми се јави и да дојде веднаш во канцеларија.

–       Во ред. Чао.

 

 

Себастијан имаше право. По некои десетина минути чекорење низ скратениот пат преку џунглата, се најдоа до дивата река. Местото беше како рај. Скалести водопади, сонце, зеленило…Како бурата да не допрела до тоа место. Себастијан и Каталина ликуваа. Се фрлија еден во друг во прегратка. Почувствуваа дека животот е повторно убав. Ги слекоа своите алишта и потрчаа кон реката чии бранови светкаа на првите сончеви краци. Нуркаа во чистите води, се прскаа, скокаа од карпите…Како да беа единствените луѓе на светот. Одеднаш, дајцата слушнаа мотор на хелихоптер. Доаѓаше од север. Двајцата потрчаа кон брегот. Почнаа да да мафтаат со рацете, да скокаат кон небото, со цел да бидат видени. Но, во еден миг, мистериозниот патник со мустаќи, ја грабна Каталина, ставајки и нож околу вратот.

–       Престани да бараш помош, пилоту!, – му се закани на Себастијан. – Во спротивно, девојката ќе умре!

Себастијан знаеше дека човекот не се шегува. Хелхоптерот практично им беше над глава, кога мораше да престане да дава знаци, да си ги собере работите и да се врати назад во џунглата, онаму каде што мистериозниот патник ја носеше Каталина, држејки и нож под главата.

 

 

Лусијано беше речиси сигурен дека виде некој долу кај брегот на реката. Додека го врати двогледот назад, луѓето кои мислеше дека ги видел, исчезнаа. Ги истри очите и помисли дека најверојатно му се присторува бидејки немаше затворено око цела ноќ. Секако, тоа немаше да им го признае на своите соработници во истрагата.

 

 

Себастијан чекореше по инструкции на мистериозниот патник, кој ја држеше Каталина како заложник. Чекореа долж реката во правец на џунглата. Себастијан беше бесен и не можеше да се контролира.

–       Значи ти ја постави бомбата во авионот? Ти ја уби Лили! Ти се колнам дека кога ќе заврши овој кошмар, ќе изгниеш зад решетки до крајот на твојот ебан живот!

–       Почнуваш да ми одиш на нерви, пилоте, – процеди човекот, притискајки го подлабоко ножот во меката бела кожа на Каталина. – Оди пред мене пред да ја заколам како кокошка.

–       Каде не водиш?, – дрско го праша Себасстијан.

–       Не си во положба да поставуваш прашања, пилоте! Мрдај пред мене. И внимавај што говориш бидејки ќе ја заколам девојка ти пред твои очи.

На Себастијан му се смачи да биде уценуван. Застана и погледна во човекот пред себе кој како заложник ја држеше Каталина.

–       Реков да се движиш!

–       Нема да направам ни чекор повеќе, кукавицо! Пушти ја неа. Земи ме мене како заложник.

–       Себастијан, остави, пушти го те молам, – молеше Каталина чувствувајки ја острата страна на ножот како во секој миг може да и ја пресече кожата.

–       Ја слушаш ли? Ја боли. Затоа не изигрувај херој, пилоте.

–       Твоја единствена цел е да не убиеш. Тогаш, зошто не го сториш тоа веќе? Биди маж и остави ја дамата! Дојди и бори се со мене. Како што доликува. Маж со маж.

Раката на човекот со мустаќи почна да трепери. Каталина го почувствува тој страв кај него и со лактот на десната рака го удри по стомакот. Човекот грчевито се завитка, а Каталина успеа да му се извлече од рацете.

Себастијан го искористи моментот и го напанда. Му го турна ножот од рацете и започнаа да се борат.  Тетеравејки се, завршија во реката. Каталина крикна на сиот глас. Силната вода ги однесе двајцата…

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

error: Содржината е заштитена!