Почетна / Сапуници / Овој месец на Сител започнува турската хит серија „Црната роза“

Овој месец на Сител започнува турската хит серија „Црната роза“

 

“Црната роза” – наскоро на Сител телевизија

 

“Црната роза” e една од најгледаните и најпопуларни турски теленовели последниве неколку години. Главната улога ја толкува познатата турска актерка Ече Услу, ѕвездата од сериите “Збогум засекогаш”, “Зерда” и “Каде е ќерка ми”. Серијата започнува наскоро на Сител телевиаија, а за содржината дополнително ќе ве известиме.

 

 

Од серијата досега се снимени три сезони, а поради тоа што сеуште е на врвот на гледаноста во Турција, серијата продолжува и со нова сезона. За нејзино прикажување, интерес пројавија сите земји од регионот и арапскиот свет. Минатата сезона се емитуваше во Хрватска и Бугарија, а во септември започна во Црна Гора и Босна и Херцеговина. Овој месец започнува на Сител телевизија во Македонија, а по нас, и соседна Србија ќе започне со емитување на Розата.

 

Во земјата во која се спојува традицијата на Истокот и безгрижноста на Западот, онаму каде владеат строгите правила на семејството и жените водат борби за подобро утре, се раѓа приказната за црната роза, жената која ќе се роди повторно онаму каде немаше надеж за тоа. Заробена меѓу оковите на традицијата и желбата да обезбезди убав живот за своите деца, црната роза ќе мора да се соочи со сите непријатели, да застане на нозе и да се избори против сите неправди кои и биле нанесени.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!