Почетна / Живот / Новафин создаде мрежа на компании за полесен пласман на пазарот

Новафин создаде мрежа на компании за полесен пласман на пазарот

 

Македонската компанија Новафин Груп, разви систем за полесен пласман на пазарот на различни производи. Создавајќи мрежа на компании, Новафин ја помага и поддржува нивната дистрибуција и промоција на домашниот а преку својата дејност во Србија и Црна Гора, и на регионалните пазари.

 

 

„Како млада компанија што почнува да се развива од сам почеток, без да се потпира на какво било претходно искуство или капитал, за релативно краток период успеавме да обезбедиме стабилна позиција на пазарот во Република Македонија. Наидувајќи на многу препреки при пласманот на пазарот, дојдовме до решение како да настапуваме заеднички или како група. Со помош на наша логистика, овие компании кои што се наши партнери добиваат можност за пласман на пазарите, дистрибуција и промоција“, вели Давор Настевски, Генерален менаџер на Новафин Груп.

Специјализирана за увоз-извоз и дистрибуција на производи за широка потрошувачка, Новафин Груп се јавува и како производител на македонски производи кои потоа ги пласира на регионалните пазари.

„Бележиме постојан раст и денес Новафин Груп е компанија која обезбедува врвни услуги во областа на производството, дистрибуцијата, логистиката на домашниот но и на регионалните пазари. Досегашниот успех се должи, благодарение на стручната експертиза на локалниот тим покажувајќи максимална ефикасност и ефективност во работењето, професионалната, техничка и know-how поддршка“, вели Давор Настевски, Генерален менаџер на Новафин Груп.

Брендовите Mr. Spice додаток за готвење, Mollis хартиени салфетки и бришачи и кроасаните Le Baffeto што Новафин Груп ги пласира на пазарите се произведени од македонски производители со што преку партнерскиот однос се помага разбојот и на останатите компании. Со тенденција за раст и развој компанијата за брзо најавува проширување на производното портфолио како и дистрибутивниот асортиман и мрежа.

Новафин Груп на македонскиот пазар постои од 2012 година а препознатливоста со која се одвојува од конкурентите е широката дистрибуција на производите до сите продажни центри на големо и мало во земјата.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски во Музејот на Град Скопје

Уметникот Бојан Ковски ќе ja отвори својата најнова изложба “Симбиоза” во Музејот на Град Скопје …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!