Почетна / Телевизија / VIP Survivor / Миа во цивилизација!

Миа во цивилизација!

Гостин во емисијата Survivor: Враќање во цивилизација беше Миа Беговиќ, која членовите на племето Матамбо на Племенскиот совет ја пратија на Островот на исфрлените. Во емисијата во живо таа откри кој ја изненадил пријатно, а кој се покажал како најголем манипулатор.

 

Миа Беговиќ објасни дека била уверена оти Кристина Беквалац е најголема манипулаторка во Survivor, но подоцна сфатила дека таа титула треба да ја добие Мартина Врбос.

– Им завидувам и на едната и на другата и се надевам дека и во приватниот живот ќе знаат да ја применат истата тактика како и во шоуто. Јас ќе го следам шоуто, можеби и нешто ќе научам, изјави Миа.

Актерката истакна и како Ава Карабатиќ и Станија Добројевиќ пријатно ја изненадиле кога ги запознала, а додаде и дека бескрајно им е благодарна на Невен и Алекс што и го спасиле животот.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Никола Шоќ на детска возраст

Деновиве низ балканските интертнет портали можеше да се види една интересна фотографија од приватниот албум …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!