Почетна / Серии / Британската полициска истрага „На должност“ во 20:40 часот на Телма

Британската полициска истрага „На должност“ во 20:40 часот на Телма

На местото на првата сезона од “Готам” доаѓа серија од BBC

Од среда во вечерниот термин на Телма телевизија започнува британската популарна полициска драма “На должност” (Line of duty), снимена од 2012 до 2017 година во 23 продолженија.

Дејството се одвива околу полициската антикорупциска единица AC – 12. Се работи за трилер во стилот на играта машка-глушец, и ни дава увид во британската полиција и корупција која владее. Во оваа драмска серија се води комплицирана истрага, а во главните улоги настапуваат Мартин Компстон, Адријан Данбар, Лени Џејмс, Вики Меклур, Нил Мориси и Џина Мекки.

Тони Гејтс е примерен полицаец и вреден семеен човек, кој постигнува одлични резултати со својата единица како инспектор. Затоа инспектор Тед започнува истрага против харизматичниот и надарен Гејст, со оглед на сомнежите дека неговите резултати за антикорупција се премногу добри да би биле вистина.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најскапата германска серија „Вавилон Берлин“ доаѓа на Телма

Неверојатно амбициозната германска серија „Вавилон Берлин“, базирана на бестселерот на Фалкер Кучера e една од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!