Почетна / Живот / Македонската креативна агенција Пи Ворлд во поход на Западна Африка

Македонската креативна агенција Пи Ворлд во поход на Западна Африка

 

Македонската креативна агенција Пи Ворлд, овој четврток и петок во Акра, во партнерство со Претседателот на Република Гана го организира првиот интернационален настан за односи со јавноста во Западна Африка. 

 

 

Со презентации на најголемите светски и регионални експерти за односи со јавноста, меѓу кои се и поранешните советници на двајца американски претседатели и британската кралска фамилија, Global PR Summit Accra, има за цел да и ги претстави најновите PR трендови на африканската бизнис заедница и да ја позиционира Гана како регионален бизнис центар во Западна Африка.

„Особена чест е што токму ние бевме лично избрани од страна на Претседателот на Гана да го организираме овој голем настан и искрено се надевам настанот ќе придонесе кон развивањето на индустријата за односи со јавноста во Западна Африка“, изјави Коста Петров, основач и извршен директор на Пи Ворлд. 

Основана во 2011та година, македонската Пи Ворлд е лидер во индустријата за настани во повеќе од 30 земји во светот. Агенцијата беше и првата странска агенција на која и е дозволено да работи во Иран а освен во Гана, оваа година Пи Ворлд ќе организира настани и во Турција, Азербејџан, Бахреин, Индија, Исланд, Турција, Мароко, Либан и Катар.

 

 

 

Македонската креативна агенција Пи Ворлд, овој четврток и петок во Акра, во партнерство со
Претседателот на Република Гана го организира првиот интернационален настан за односи со 
јавноста во Западна Африка. 
Со презентации на најголемите светски и регионални експерти за односи со јавноста, меѓу кои 
се и поранешните советници на двајца американски претседатели и британската кралска 
фамилија, Global PR Summit Accra, има за цел да и ги претстави најновите PR трендови на  
африканската бизнис заедница и да ја позиционира Гана како регионален бизнис центар во 
Западна Африка.
„Особена чест е што токму ние бевме лично избрани од страна на Претседателот на Гана да го 
организираме овој голем настан и искрено се надевам настанот ќе придонесе кон развивањето 
на индустријата за односи со јавноста во Западна Африка“, изјави Коста Петров, основач и 
извршен директор на Пи Ворлд. 
Основана во 2011та година, македонската Пи Ворлд е лидер во индустријата за настани во 
повеќе од 30 земји во светот. Агенцијата беше и првата странска агенција на која и е 
дозволено да работи во Иран а освен во Гана, оваа година Пи Ворлд ќе организира настани и 
во Турција, Азербејџан, Бахреин, Индија, Исланд, Турција, Мароко, Либан и Катар.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски во Музејот на Град Скопје

Уметникот Бојан Ковски ќе ja отвори својата најнова изложба “Симбиоза” во Музејот на Град Скопје …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!