Почетна / Серии / Бугарско место турско од утре во 22:30 часот на Алфа телевизија

Бугарско место турско од утре во 22:30 часот на Алфа телевизија

 

“Соседи во акција” – нова бугарска серија на Алфа

 

Од утре (четврток) на местото на турската серија “Крв и солзи”, која не успеа да привлече голема публика, ќе се емитува новиот адут на Алфа за тој термин – Соседи во акција. Се работи за бугарската комична серија „Етажна собственост” која започна да се емитува во Република Бугарија, во 2011 година. Досега се снимени 4 сезони со вкупно 48 епизоди, а популарноста на оваа урнебесна комедија најавува и нови продолженија.

 

 
Авторите и продуцентите на серијалот велат дека оваа ТВ продукција е како огледало на современа Бугарија и на нејзините граѓани.

Ликовите во серијата ја отсликуваат современата реалност полна со предизвици кои понекогаш се предизвикани од општеството, но многу почесто од карактерите на граѓаните кои за сите прашања бараат одговори по скратен пат, или на некој друг, свој и особен начин.
 
Гледачите имаат пред себе личности кои ги раскажуваат своите лични приказни за тоа како стануваат од некогашни Бугари сега стануваат Европејци, односно како некогашниот Бај Гањо, сега е Господин со големо Г.
 
 
 
 
Серијата предизвикува силна смеа, изобилува со хумор, сатира, и во исто време ги замислува гледачите. Авантурите на главните ликови најилустративно ги отвораат битните прашања на секојдневието, но не советуваат, не даваат одговори, не подучуваат, туку оставаат секој гледач сам да си ги побара одговорите. 
 
Во серијата настапува галерија од најодбри актери од Бугарија како што се: Антон Радичев, Красимир Ранков, Надја Савова, Јавор Гигов, Милена Маркова, Стефан Иванов, Невена Бозукова, Евгени Будинов, Валентин Владимиров, Пламен Добрев, Георги Спасов, Јана Огњанова, Красимир Куцупаров, Елена К’нева, Диди Живкова, Гено Колев, Красимир Ганчев…
 
 
 
 
 
Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Застани и запали се“, серија на Телма за компјутерската револуција

„Halt and Catch Fire“ е американска драмска телевизиска серија создадена од Кристофер Кантвел и Кристофер …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!