Почетна / МК Сцена / Што „изгуби“ македонската естрада – женско трио „Ин“

Што „изгуби“ македонската естрада – женско трио „Ин“

 

Во денешниот музички времеплов кормилото повторно ќе го свртиме кон деведесетите години. Откако ве потсетивме на уникатната Ерзана, претходно и на слатката Верица Каранфиловска, време е да обрнеме внимание и на неодоливото женско трио „Ин“ сочинето од Анита, Весна и Ирина.

 

 

Во денешниот музички времеплов кормилото повторно ќе го свртиме кон деведесетите години. Откако ве потсетивме на уникатната Ерзана, претходно и на слатката Верица Каранфиловска (XXL), време е да обрнеме внимание и на неодоливото женско трио „Ин“ сочинето од Анита, Весна и Ирина.

 

 

Се работи за музичка група којашто беше создадена кон крајот на деведестите години. Се појавија со апсолутниот хит Божица којшто беше на врвот на сите тогашни музички топ листи. Додека нивните колеги нижеа синглови во своите кариери, тие постојано беа актуелни со истиот хит. Божица боженствено ја освои македонската публика!

 

 

Нешто подоцна, атрактивните девојки создадоа уште еден хит, овој пат фамата околу нив беше уште поголема токму поради спотот што го снимија за него. Насловен како Биди Ин синглот доби особено провокативен видео запис за тоа време. Имено, триото ја „окупираше“ зградата на ЕСМ денешно ЕВН. Во спотот тие танцуваа на фасадата од објектот, а „случајните минувачи“ зачудено гледаа во нив. Ете, за тој период тоа беше интересно, додека денес потребни се сосема поинакви работи за да те забележи публиката.

 

 

Ова беше последна песна што македонската публика ја слушна од „Ин“. Во 2003. година најавија пријатно изненадување и враќање на сцената, но пријатни останаа само спомените од периодот кога палеа и жареа низ скопските клубови. Триото „Ин“ мистериозно и целосно исчезна, се додека една од членките Весна Павлова не се врати на сцената како соло изведувач. Нејзиното враќање беше најавено со песната Да си тука, но за краток период таа повторно се изгуби.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Голдберг варијации“ во изведба на пијанистот Дино Имери

Едно од најпознатите дела на музичкиот гениј Јохан Себастијан Бах, неговите „Голдберг варијации“, ќе прозвучат …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!