Почетна / Забава / Шоуто за американските топ модели од понеделник на МТМ телевизија

Шоуто за американските топ модели од понеделник на МТМ телевизија

 

Шоуто за американските топ модели на локалните телевизии кај нас
 

Од понеделник на скопската МТМ телевизија со емитување започнува американското реално шоу „America’s Next Top Model“. Шоуто веќе се емитува на останатите локални телевизии ширум земјава, а на МТМ во Скопје ќе се дава секој работен ден, од понеделник до петок во 17:30 часот со реприза истата вечер во 22:45 часот и следниот ден во 12:10 на пладне и 17:10 попладне.

 

 

Иако во Америка моментално се емитува 20-та сезона на шоуто, кај нас се емитуваат само првите сезони прикажувани пред десет години во САД.  „Американски Топ Модел“ започна да се емитува на 20. мај 2003. година и во своето 10 годишно постоење на модната индустрија и даде голем број свежи лица кои изградија светска кариера како високо барани модели. „Американски Топ Модел’ е интересна, возбудлива и мотивирачка приказна за девојки со големи соништа и нивниот пат до модните писти.

 Секоја сезона на шоуто има 13 или 14 натпреварувачки, згодни млади девојки кои сакаат да започнат кариера на топ модел. Низ десетина емисии, се следи напредокот на девојките, а секоја емисија излегува една од нив се до крајот кога треба да победи најдобрата и да ја освои титулата на следен американски топ модел. Во текот на емисиите, девојките се оценуваат од професионално жири составено од тројца или четворица судии, а дел од судиите кои оценувале биле Tyra Banks, Janice Dickinson, Kimora Lee Simmons, Beau Quillian, Nigel Barker, Rob Evans, Bryanboy, Twiggy, André Leon Talley и други. Супермоделот Тајра Бенкс дава посебен печат на ова реално шоу појавувајќи се како презентер, но и како главен продуцент.

 

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Виолинистот Стефан Миленковиќ и „Профундис“ со концерт во Скопје

Светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и македонскиот камерен оркестар „Профундис“, на 20 септември ќе приредат …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!