Почетна / Сапуници / Шок во Венецуела! Убиена е Моника Спеар!

Шок во Венецуела! Убиена е Моника Спеар!

 

Моника Спеар и нејзиниот сопруг Хенри вчера вечерта (06.01) имале сообраќајна незгода кога се враќале од одмор и го сопреле автомобилот на автопат. Кога излегле да побараат помош им пришол непознат маж кој ги убил, а потоа и ги ограбил!

 

 

Поранешната Мис Венецуела, Моника Спеар (29) во понеделникот на 6-ти јануари, со својот сопруг Томас Хенри Бери (49) и малечката ќерка се враќале од одмор и на автопатот кој води од Пуерто Кареља до Валенсија, кога доживеaле мала незгода со нивната Тојота Корола. Кога сопружниците излегле да побараат помош им пришол непознат и вооружен човек кој ги убил па ги ограбил. Сопружниците починале на истото место, а нивната петгодишна ќерка останала само ранета. Убиецот ја ранил малечката во нога откако испукал куршум и во неа. Од автомобилот се земени повеќе вредни предмети. 

Во минатогодишниот број на Huffington Post, Моника изјавила дека се чувствува доста небезбедно во родната Венецуела и дека ќе се пресели во Мајами.

 

 

Македонската публика со радо срце ја помни Моника од теленовелата “Мојата роднина Чела“ каде што глумеше девојка болна од леукемија. Последната улога на поранешната Мис беше минатата година во хит серијата “Pasion Prohibida“. Нејзините колеги денес ги исполнија социјалните мрежи со неутешни зборови за ценетата актерка и пријателка. Ова е последното видео кое Моника го објави само ден пред смртта на својот Instagram профил.

 http://instagram.com/p/izEK7WJ7K8/

 

 

 

Бергер | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездите на „Аси“ и „Ѓумуш“ во нова играна продукција на Сител

Нова играна серија на телевизија Сител. Ѕвездите на Аси и Ѓумуш се враќаат на малите …