Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #12 |Alevosía

Предавство, епизода #12 |Alevosía

 

 

Обложена во завои, никој не може да го види лицето на Анхелес која претрпува големи болки.

Игнасио се одлучува за тежок чекор, да и биде извршена пластична операција на Анхелес. Секако за операцијата го задолжува најдобриот хирург во клиниката, Густаво Монтемар.

Луисја е очајна. Не може да се помири колку несреќна судбина ја снашло нејзината ќерка. Чоле ја теши дека се ќе биде во ред.

Густаво ја посетува Анхелес во собата и и ја пренесува одлуката од нејзиниот татко, дека ќе биде изложена на тежок хируршки зафат, за кој се надева дека ќе помине без проблеми.

Тешкиот период и трагедијата ги спојува повторно Лусија и Игнасио. Тој ја теши својата сопруга и и ветува дека ќе направи се за да ја врати насмевката кај нивната ќерка. Погодена од обзирите на Игнасио, Лусија силно го прегрнува барајки рамо за плачење.

Доња Инес се моли за здравјето на својата внука, додека во клиниката се подготвува тимот на специјалисти за тешката операција.

Операцијата е во тек и сите се молат за чудо. Сесилија, Диего и Нати се постојано покрај неутешната Лусија.

По 13 часови операција, Густаво исцрпено ја напушта операционата сала и ја известува фамилијата дека операцијата е завршена со успех и дека Анхелес ќе остане во завои уште најмалку 15 дена се до следната операција. Лусија загрижено прашува зошто е потребна уште една операција а Густаво со тешко срце ја известува дека трансплатацијата на кожа го бара тоа.

Ја известува и дека нејзината ќерка ќе има сосема нов лик по тоа.

Лусија ја посетува Анхелес , откако девојката ќе биде вратена во соба и ја известува дека цел тим специјалисти се грижи за неа и дека е во сигурни раце со д-р Густаво.

Тогаш, Анхелес го отвара срцето пред својата мајка и и признава дека е вљубена во хирургот. Со тешко срце, Лусија и ветува на својата ќерка дека ќе и помогне да го освои лекарот.

Подоцна, Лусија ја посетува Нати признавајки и низ солзи дека го презира Густаво Монтемар, дека тој се гледал истовремено со неа и со нејзината ќерка. Нати се обидува да и објасни на Лусија како стоеле нештата, но Лусија не е желна да ја чуе вистината, во тој миг само сака да ја спои својата ќерка со хирургот. Нати ја советува дека ќе погреши, дека таа е таа која го љуби Густаво, дека не треба да се жртвува, но Лусија е решена во одлуката.

Анхелес и признава на својата баба дека е вљубена во хирургот и старицата сфаќа дека Густаво си поигрува со нејзината ќерка и нејзината внука.

Октавио наоѓа идеална ергела за одгледување на арапските коњи кои ги купи од Дубајскиот шеик.

Доња Инес го посетува Густаво Монтемар во неговата работна просторија и му замавнува силна шлаканица предупредувајки го дека ќе добие отказ и дека никогаш нема да може да најде работа по струка ако продолжи да си игра со нејзините ќерка и внука. Густаво сака да се објасни но доња Инес не му дозволува.

Октавио потпишува договор со шеикот за откуп на седум првокласни пастуви кои чинат милиони долари.

Густаво ја бара Лусија и сака да разговара со неа. Таа одбива да зборува со него во клиниката каде што може секој да ги види. Тој и предлага да се видат на вечера, но таа и таа понуда ја одбива.

Во меѓувреме, Тринидад го убедува Игнасио дека сигурно постои друг маж во животот на Лусија иако не открива дека знае за кого се работи, но нејзините зборови се доволни за Игнасио да постане љубоморен и да се посомнева. Трини ги користи своите малипулатосрки и заводливи игри и повторно завршува в кревет со својот зет.

Гусатво е решен да зборува со Лусија која постојано го одбива. Ја следи кон излезот на болницата една дождлива ноќ. Таа одбива да зборува со докторот наведувајки го дождот како изговор. Му вели дека нема што да му каже, а тој и одговара дека ниту тој нема што да каже и стасно ќе ја бакне под отвореното небо, додека нивните облеки се поксинати од силниот дожд.

 

Првиот бакнеж меѓу Лусија и Густаво

ќе отвори нови полемики и дилеми.

 

Лусија како исплашено животно, по краткиот миг на слабост бега од докторот и влегува во својот автмомобил, уште долго не можејки да го сопре срцебиењето.

Штом ќе дојде дома и признава на Чоле дека по 20 години, за прв пат бакнала маж кој што не е Игнасио. Чоле која секогаш е на нејзина страна ја охрабрува да се гледа со докторот, но Лусија и кажува дека не може да биде со човекот кој го љуби нејзината ќерка.

Игнасио го напушта станот од кај Трини иако таа го моли да преноќи со неа, но тој грубо ја одбива велејки и дека го чека фамилијата.

Трини повторно се чувствува гневно и осамено.

Густаво телефонски ја бара Лусија да и се извини што го повеле страстите, таа му вели дека не останала рамнодушна на бакнежот но го лаже дека не може да бидат заедно поради разликата во години помеѓу двајцата.

Октавио е изигран! Дознава дека шеикот од Дубаи бил само лажен преварант кој му подметнал лажни коњи и кој му зеде милиони долори.  Ваквата вест тешко ја прима.

Дарио ја посетува Анхелес во болница а таа му се извинува што го изневерила со Густаво. Отворено му признава дека не го сака повеќе и дека е вљубена силно во докторот. Со тешко срце, Дарио и посакува се најубаво.

Марта и признава на својата пријателка доња Инес дека решила да му го остави својот имот на својот помлад љубовник.

Сесилија одлучува да ја помине ноќта со своето момче Хаиме, а тој е нервозен поради истото. И признава дека никогаш претходно немал односи а таа му го признава истото.

Повторно го огрева сонце Октавио. По големата превара со шеикот, неговат апостара љубовница Марта го нагласува како единствен наследник на нејзиниот имот во Јукатан.

Хаиме не успеав да води љубов со својата девојка и и признава дека најверојатно поради нервозата нема да можат да водат љубов. Сесилија го теши дека е во ред и му признава дека го сака.

Една недела подоцна…

За време на акционерскиот состанок во клиниката, Лусија се онесвестува пред одборот и Игнасио ја води во една од собите. Густаво кој случајно ќе им се најде на патот, останува со Лусија додека не и биде подобро а Игнасио се враќа на состанокот.

Додека се сами Густаво ја бакнува Лусија а таа му возвраќа со истата сила. Докторот повторно ја прашува дали можат да бидат заедно а Лусија му набројува нешта кои ги спречуваат во намерата, како неговата кариера во болницата и пред се, чувствата на нејзината ќерка кон него.

Анхелес и признава на својата пријателка Естер дека е нервозна поради престојаната операција, и се плаши дека ќе биде поинаква откако ќе и ги извадат завоите.

Додека Лусија и Густаво интимно разговараат за своите чувства, ги начекува Игнасио.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …